Кинотеката в среда го отвора летното кино со филмска вечер посветена на Желимир Жилник

Со проекција на култниот филм „Рани радови“ на Желимир Жилник на 31 мај (среда), со почеток од 21 часот, Кинотеката го отвора летното кино. Следната вечер, 1 јуни (четврток), во 21 часот ќе биде прикажан и документарецот „Журнал за Желимир Жилник“ на Јанко Баљак, посветен на овој анфан терибл и еден од најангажираните творци на ексјугословенската кинематографија.

Жилник и Баљак ќе присуствуваат на проекцијата и публиката ќе има можност да разговара со нив.

„Рани радови“ е филм за една девојка и три момчиња обземени со прашањето дали е можно секој да стане господар на сопствената судбина? Во почетокот наидуваат на публика, луѓе што внимателно ги сослушуваат, но потоа ги отфрлаат нивните идеи бидејќи се премногу радикални. Сфаќајќи дека народот не ги прима нивните пораки, тие решаваат да страдаат заедно со него. Кога им досадува, момчињата ја спасуваат девојката од маките со тоа што ја полеваат со бензин и таа исчезнува во пламенот… а другите, најпосле среќни и исполнети, си продолжуваат да живеат.

Во 1969 година филмот ја добива Златната мечка на Берлинскиот филмски фестивал „…заради предизвикувачката конфронтација на идеологијата и реалноста, за случајната брилијантност со која ги хуманизира политичките апстракции и ја прави драмата модерна по својата форма и содржина…“. Филмот „Капитал“, базиран на истоименото дело на Маркс, е снимен во 1971 година како продолжение на „Рани радови“, но никогаш не бил прикажуван.

Жилник е режисер, сценарист, филмски критичар, роден на 8 септември 1942 година во кампот на Црвениот крст во Ниш, каде што била затворена мајка му Милица, подоцна убиена во логорот организиран од злогласниот нацистички Гестапо; татко му Слободан бил убиен од четниците во 1944 година и Желимир пораснал во семејството на мајка си.

Жилник беше гостин на Кинотеката во 2008 година кога беше прикажан дел од неговиот исклучителен опус. Петнаесет години подоцна, еве го Жилник повторно како гостин во Кинотеката на отворање на летното кино.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Култура

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Read more

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Read more

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Read more

Распишани конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“

Read more
 

Вести

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Читај повеќе

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Читај повеќе

Втор свиркач на Boeing почина во период од два месеца

Читај повеќе

Пет скелети најдени под нацистичкиот бункер Волчјо дувло

Читај повеќе

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Читај повеќе

Над 150 пијани возачи затекна полицијата на 1 Мај

Читај повеќе