Кирјос најави пензионирање, но под еден услов

Австралискиот тенисер Ник Кирјос најави повлекување од тенисот ако во 2023 година освои некој од четирите грен слем турнири.

Годинава што изминува беше една од најдобрите во неговата кариера, освои три турнири во парови, а во поединечна конкуренција славеше на турнирот во Вашингтон.

Кирјос повторно не успеа да освои грен слем титула, иако беше најблиску во досегашната кариера. Изгуби од Новак Ѓоковиќ во финалето на Вимлбдон. Сега, 27-годишниот тенисер изјави дека може да стави крај на кариерата ако освои грен слем титула.

„Се надевам ќе освојам некој од грен слем турнирите и потоа ќе се пензионирам. Ме прашавте дали ќе ја продолжам кариерата. Искрено, не знам. Оваа сезона беа потребни многу напорна работа и дисциплина. Штом малку ви тргне подобро, сите сакаат нешто повеќе од вас. Така работите стануваат постресни“, вели Кирјос.

Додаде дека оваа сезона се забавувал и исполнил дел од очекувањата.

Претходно во октомври, 27-годишниот Кирјос исто така истакна дека веројатно нема да игра тенис откако ќе наполни 30 години.

Тагови
реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Тенис

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Read more

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Read more

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе