Кирјос по елиминацијата: Сѐ освен Грен слем е губење време

Австралиецот исткана дека не сака да игра други турнири освен на четирите најдобри.

Австралискиот тенисер Ник Кирјос призна дека му било тешко да го поднесе поразот од Русинот Карен Хачанов во четвртфиналето на УС опен, пренесува „Ројтерс“.

По голема борба Хачанов победи со 3:2 или 7:5, 4:6, 7:5, 6:7 (3:7), 6:4 по сетови.

„За мене беше или да го освојам турнирот или ништо, да бидам искрен, се чувствувам како да сум потфрлил на овој турнир. Грен слемовите се она што е најважно. Сега треба да чекам до Австралија опен, што е поразително, срцето ми се кине... Не само за мене, туку и за сите што знам дека сакаа да победам. Излегов без вистинска енергија, физички не се чувствував одлично на почетокот, а потоа стана подобро како што натпреварот се ближеше до крајот“, рече Кирјос.

Австралискиот тенисер најави дека би можел да настапи на АТП турнирот во Токио на почетокот на октомври.

„Не ми е гајле за ниеден друг турнир освен Грен слем. На слемовите се сеќавате дали сте победиле или изгубиле, на луѓето не им е грижа дали сте напредувале, дали имало четири или пет сета... Секој втор турнир во текот на годината е губење време. Луѓето ве паметат ако играте добро на Грен слемовите“, заврши разочараниот Австралиец со грчко потекло.

Тагови
реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Тенис

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Read more

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Read more

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе