„Кит на плажа“ - нова книга за млади од словенечкиот писател Винко Модерндорфер

Издавачката куќа Паблишер, во рамки на едицијата „Приказни што нѐ обединуваат“, поддржана од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија, неодамна на македонски го објави делото „Кит на плажа“ од словенечкиот писател Винко Модерндорфер. Преводот на македонски е на Дарко Спасов.

Оваа уникатна и храбра книга за млади ја разложува темата на другоста и различноста на секој од нас и нашата вредност и посебност во светот. Ника е духовита и љубопитна тинејџерка, дружељубива и популарна во новото училиште. Течно зборува француски и оди на курсеви по шпански и германски јазик, па оттаму на часови по пијано, мечување, вајарство и јога... и затоа никогаш нема време да ги покани дома своите нови соученици. Но причината за тоа е сосем поинаква. Кога еден ден ќе дојдат ненајавени, нејзините пријатели ја откриваат тајната што таа долго време успевала да ја крие од нив, тајна што ќе ги промени нивните животи... „Кит на плажа“ е роман кој ги шири границите на нормалното и нѐ поттикнува да ги преиспитаме своите ставови за тоа што е нормален живот.

Винко Модерндорфер е современ словенечки писател, сценарист и режисер. Станува збор за извонредно сестран уметник кој има објавено 60-тина книги поезија и проза, за деца и за возрасни, како и драми, збирки раскази и есеи. За многу од нив, како и за своите режисерски дела, има добиено голем број значајни награди. Романот „Кит на плажа“ ја доби наградата „Десетница“ во 2017 година и според него беше направена театарска претстава.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Книги

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Read more

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Read more

КАЈГАНА препорака: Зошто треба да го прочитате крими романот „Нож“ на Ју Несбе?

Read more

Промовирана монографијата 100 години Тиверија

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе