Климатолозите тврдат дека летниот мраз на Арктикот ќе исчезне до 2050 година

Климатските промени забрзано ги топат замрзнатите региони во светот, а најзагрозен е летниот арктички морски мраз, кој сигурно ќе исчезне до 2050 година, се вели во извештајот објавен денеска од истражувачката мрежа на Меѓународната иницијатива за криосфера и клима.

Во извештајот се соопштува дека само оваа година на источниот Антарктик врнело дожд во март кога температурите на воздухот биле невообичаено високи и дека во текот на летото Алпите изгубиле 5% од ледената покривка, додека во септември на Гренланд е регистриран нов рекорд на топење за тоа време од годината.

Се истакнува дека по осумте најтопли години на планетата, има сѐ повеќе докази дека ледените региони во светот се топат многу побрзо отколку што очекуваа научниците.

Авторите на последниот извештај воспоставија дијагноза на „терминална состојба“ за мразот што секое лето се формира и плута на Арктичкиот Океан.

Објавувањето на извештајот се совпадна со почетокот на самитот за климата на ОН, кој ќе трае до 18 ноември во египетското летувалиште Шарм Ел-Шеик, а арктичките активисти и домородните жители од тие региони за испланираа медиумски настан со кој ќе го одбележат исчезнувањето на морскиот мраз.

Научниците истакнуваат дека светот мора да ги преполови емисиите на јаглерод диоксид во оваа деценија во однос на нивото од 2005 година и да достигне 0 до 2050 година, со цел да се спречат брзите климатски промени со екстремни влијанија.

Во извештајот се вели дека дури и да се постигне ова, светските региони покриени со мраз нема да почнат да се стабилизираат до некаде помеѓу 2040 и 2080 година, а топењето на глечерите ќе продолжи повеќе од еден век пред да се забави, до 2200 година.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе