Климатските промени ќе поттикнат хуманитарни кризи во 2023 година

Климатските промени, заедно со проблемите предизвикани од вооружените конфликти и економскиот пад, во 2023 година ќе ги забрзаат хуманитарните кризи ширум светот, се наведува во студијата на невладината организација Меѓународен комитет за спас (International Rescue Committee-IRC).

Агенцијата со седиште во Њујорк, предводена од поранешниот британски политичар Дејвид Милибанд, посочи дека изминатата деценија нагло се зголемил бројот на луѓе со хуманитарни потреби, приближувајќи се до 339,2 милиони во споредба со 81 милион во 2014 година.

Според IRC, климатските промени се меѓу клучните фактори кои ги забрзуваат хуманитарните вонредни состојби и покрај фактот што 20-те земји на нејзината листа за итни случаи, како Хаити и Авганистан, придонесуваат со само два проценти од глобалните емисии на јаглерод диоксид.

Во извештајот на IRC се посочува дека „2022 година покажа дека е непобитна улогата на климатските промени во забрзувањето на глобалната хуманитарна криза“.

Студијата укажува на рекордни долги периоди на дожд, кои „донесоа катастрофална несигурност за храна во Сомалија и во Етиопија“ и убија илјадници луѓе во Пакистан.

IRC ја потенцира потребата од повеќе „проактивни инвестиции во превенција и ублажување на климатските промени“.

Во меѓувреме, несигурноста во снабдувањето со храна е веќе широко распространета поради растечките конфликти, како и економската криза предизвикана од руската инвазија на Украина и пандемијата со коронавирус, се посочува во извештајот.

реклама

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Свет

Нови детали за трагедијата во Иран: Технички дефект е причина за падот на хеликоптерот

Read more

Меѓународниот кривичен суд побара апсење на Нетанјаху и лидерот на Хамас

Read more

Имамот бил жив еден час по падот на хеликоптерот: Се обидувал да го спаси претседателот на Иран

Read more

Како иранскиот претседател го доби прекарот Касапот од Техеран?

Read more
 

Вести

  • filter

Арсовска од новата влада ќе бара прв приоритет да ѝ бидат законски измени за зголемување на платите на пожарникарите

Читај повеќе

МакеДокс е во потрага по шестата генерација Докуникулци

Читај повеќе

Уапсен врховен судија поради сомненија за примање поткуп

Читај повеќе

Нови детали за трагедијата во Иран: Технички дефект е причина за падот на хеликоптерот

Читај повеќе

Меѓународниот кривичен суд побара апсење на Нетанјаху и лидерот на Хамас

Читај повеќе

Биткоинот поскапе на 61.710 евра, инвеститорите се претежно оптимисти за понатамошниот раст

Читај повеќе

Системот Безбеден град за видеонадзор на сообраќајниците е поставен во Скопје, Куманово и Тетово

Читај повеќе

Светската цена на златото повторно на рекордно високо ниво

Читај повеќе

Креативна работилница за средношколци за пишување поезија

Читај повеќе