Клиперс поведе против Денвер, Бостон на победа од финалето на Истокот

Лос Анџелес Клиперс поведе против Денвер Нагетс со 2-1 во победи по 113:107 во третиот натпревар од полуфиналната серија во Западната конференција.

Неизвесност во дуелот гледавме до самиот крај, откако Клиперс стигнаа 12 поени негатива во средината на втората четвртина и седум во средината на последниот дел.

На пет минути пред звукот на сирена, Денвер имаше водство од 101:99, но поголемото искуство на тимот од Лос Анџелес и непрецизните удари на „грутките“ на крајот донесоа победа за „ножиците“.

Пол Џорџ беше најдобар стрелец кај Лос Анџелес Клиперс со 32 поенa, додека Каваи Ленард заврши со 23 поени и 14 скока. Никола Јокиќ забележа 32 поени, 12 скока и 8 асистенции кај Денвер, додека Мајкл Портер јуниор остана со 18 поени и 10 скока.

Бостон Селтикс пак се доближи на само победа од елиминација на шампионот на НБА лигата, Торонто Репторс и пласман во финалето на Источната конференција откако „келтите“ го освоија дуелот бр.5 од серијата со 111-89 и поведоа со 3-2.

Во натпревар каде тимот од Бостон целосно ја имаше контролата, најдобар стрелец беше Џејлен Браунс со 27 поени. Бекот Камба Вокер додаде 21 поен, додека Џејсон Тејтум помогна со 18 поени и 10 скока.

За Торонто, Фред Ванфлит постигна 18 поени, додека 16 додаде резервата Норман Пауел.

Тагови
реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Кошарка

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Read more

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Read more

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Read more

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе