Кога е најдобро да се вакцинирате против грип?

Есента обично е годишно време кога почнуваме да носиме потопла облека, но и период на грип и настинки. Повеќето луѓе во последните неколку години немаа грип поради пандемијата.

Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести, во текот на сезоната на грип во 2020/20221 болеста беше исклучително ретка благодарение на безбедносните мерки поради COVID-19 како носење маски, често миење на рацете и престој во домашни услови.

Но, со оглед на тоа што животот на многумина почна да се враќа или се врати во нормала, се очекува бројот на заболени од грип оваа есен и зима да биде зголемен, па експертите препорачуваат вакцинирање против грип.

Кој треба да се вакцинира и може ли да се прими бустер против омикрон? Еве што советуваат експертите, пишува Yahoo Life.

Грип може да добиете од неколку различни вируси. Двата најчести се инфлуенца тип А и Б и секој има свои подвидови и групи. Со оглед на тоа дека вирусите постојано се менуваат, вакцината против грип секоја година се модифицира за подобра заштита.

Доктро Педро Пиедра, професор по молекуларна биологија, микробиологија и педијатрија на Медицинскиот факултет Бејлор, објаснува дека вакцината обично „одговара совршено“ на еден од вирусите кои циркулираат.

„Секогаш е тешко да имате совршена вакцина за сите вируси кои циркулираат. Но, не мора секогаш да имате совршена вакцина за да добиете заштита“, вели тој.

Колку е ефикасна вакцината против грип?

Се покажа дека вакцината против грип го намалува ризикот од посета на доктор поради грип за 40 до 60 проценти.

„Вакцината го намалува ризикот од тешки симптоми на грип, хоспитализација, прием на оддел за интензивна нега и од смрт“, вели д-р Риза Конрој, доктор во Медицинскиот центар Векснер на Универзитетот Охајо.

Вакцината може да помогне во заштита на оние кои се најмногу склони на компликации од вирусот, што обично ги погодува децата на возраст од 6 месеци до 5 години, како и постарите од 65 години. Американскиот Центар за превенција и контрола на болести тврди дека вакцината против грип може да им го спаси животот на децата.

„И децата можат да починат од грип. Општо, децата кои починале од грип не биле вакцинирани. Децата имаат поголем ризик од потешки компликации, како и бремените жени“, вели Пиедра.

Кога е најдобро да се вакцинирате?

Според мислењето на д-р Конрој, најдобро време за вакцинација против грип е околу октомври, така ќе бидете заштитени во текот на сезоната на грип. Вакцината делува најдобро по две недели од вакцинирањето, а е ефикасна од 5 до 6 месеци.

Кој треба да се вакцинира против грип?

Сите постари од 6 месеци треба да примат вакцина против грип соодветно според возраста, освен ако докторот не им каже поинаку, вели Конрој. Постојат неколку вакцини против грип одобрени за деца од шест месеци па нагоре, како и две за повозрасни од 65 години.

Вакцината FluMist во облик на спреј за нос е достапна за деца и возрасни од две до 49 години.

Дали може да примите бустер против омикрон и вакцина против грип во исто време?

Да, велат експертите, може да примите две вакцини во исто време.

„Не постојат контраиндикации за примање на двете вакцини“, тврди Конрој.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Здравје

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Read more

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Read more

Два пијалака кои се најлоши за здравјето на цревата

Read more
 

Магазин

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе