Кога е вистинското време за промена на работното место?

Ако почнувате да се прашувате дали навистина сакате да продолжите со вашата работа, можеби е навистина време да размислите за промени во вашата кариера.

Овие пет причини може да бидат показател дека можеби треба да ја промените работата.

1. Кариерата не ви е повеќе предизвик

Ако немате нови предизвици со кои би можеле да се соочите, нема да се промените. Ако не се промените, нема да се подобрите како човечко суштество. Ние како човечки суштества мора да се развиваме за да растеме и станеме подобри верзии од самите себе. Ако чувствувате дека сте ментално отсутни можеби е време да отстапите и направите промена во животот.

2. Со години сонувате да работите нешто друго

Дали ги минувате паузите за ручек сонувајќи за тоа како работите нешто целосно поразлично? Што е тоа? Ако сте имале желба која претходно сте ја отфрлиле како идеја можеби е време да ја претворите во реалност. Не го потценувајте тоа што порано сте го сакале.

3. Лошо влијае на вашето здравје

Ако работната средина лошо влијае по вашето здравје, ако работите во токсична работна средина и се чувствувате безволно, вашето тело ви кажува дека е време да ја промените работата. Вашата идеална работа треба да ве полни со енергија, а не да ве исцрпува.

4. Вашите вредности и приоритети се променети

Можеби кога сте ја започнале кариерата сте биле без никакви грижи во светот. Во брак со деца по дома, работното време од осум часа не е баш привлечно. Поголемата слобода и флексибилноста се поголем приоритет сега. Ускладувањето меѓу вашата кариера и темелните вредности создава задоволство, чувство на среќа и исполнетост. Ако вашите вредности и кариерата не се ускладуваат, промена во кариерата може да биде токму тоа што ви треба.

5. Немате повеќе страст кон тоа што го работите

Заработувањето и работата не мора да бидат исклучени едно од друго. Луѓето автоматски претпоставуваат дека ако уживаат во работата, помалку ќе заработат. Тоа е погрешно. Ако сте навистина во оваа работа, тоа веројатно значи дека тоа што го правите има смисла. Истражувањата покажуваат дека луѓето гледаат смисла во работата имаат и подобар ангажман, тие побрзо ги решаваат препреките и веројатно е дека ќе учат од сопствените грешки, а не да ги сметаат за неуспех. Луѓето ќе напредуваат ако нивната работа има јасна цел и смисла, пишува Forbes.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Живот

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Read more

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Read more
 

Магазин

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе