Кога гледањето фудбал е опасно по здравјето?

Големите натпреварувања се толку возбудлив период за љубителите на фудбалот, што возбудата за Светското или Европското првенство во фудбал го зголемува ризикот од срцев удар, покажува новата германска студија.

За време на Светското првенство во 2014 година, евидентиран е поголем број хоспитализации за срцев удар, се вели во студијата објавена во списанието Scientific Reports.

Истражувачите истражувале официјални податоци од болници за прием и смртност поради срцев удар, споредувајќи четири временски периоди.

За време на четиринеделното Светско првенство, од средината на јуни до средината на јули, 18.479 лица завршија во болница во Германија поради срцев удар, што е за 3,7% повеќе од истиот период во 2015 година и 2,1% повеќе отколку во 2013 година.

Еден месец по завршувањето на натпреварувањето, бројот на приеми падна за 5,4 проценти.

На денот на последниот натпревар, стапката на смртност од срцев удар кај хоспитализирани пациенти беше најголема, истакнаа научниците.

Таа година, Германија ја победи Аргентина со 1:0 во напнат финален натпревар, потсетија научниците од кардиолошкиот центар на Универзитетскиот болнички центар во Мајнц, во соработка со спортскиот оддел на Универзитетската болница во Хајделберг.

„Гледањето фудбал може да влијае на вашето срце, нема сомнеж“, рече Томас Мајнерц од Германската фондација за срце. Тој истакна дека ова не важи за сите натпревари, туку само за оние што особено ги возбудуваат гледачите.

Мејнерц рече дека врските помеѓу срцевиот удар и екстремно стресните ситуации се потврдени научно, било да се работи за земјотреси, избори или спортски настани.

Бројот на пациенти со срцев удар се зголемил за 2,7 проценти за време на СП 2006 кога играше Германија, покажуваат податоците на кардио тимот од Минхен предводен од Уте Вилберт-Лампен.

Мениерц објаснува дека возбудата ослободува хормони на стресот, што доведува до забрзување на отчукувањата на срцето и зголемување на крвниот притисок. Ова за возврат го зголемува ризикот од срцеви проблеми за оние кои се склони кон нив.

Аксел Шмермунд, кардиолог од Франкфурт, предупреди дека за време на натпревари, начинот на живот на гледачите честопати се менува затоа што седат многу повеќе, јадат закуски што вообичаено не ги консумираат и пијат алкохол.

Затоа, групите со висок ризик треба да бидат особено внимателни за време на тековното Европско првенство во фудбал.

Мајнерц советува избегнување на алкохол и големи оброци затоа што со тоа се троши дополнителен кислород и крв, а пушењето треба да се избегнува по секоја цена.

Германскиот лекар додава дека целата игра не треба да се поминува седејќи, па затоа советува повремено да станувате, да шетате и да се истегнувате.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Здравје

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе