Кога ќе умрам, продајте сѐ, оставете само едно - животот на Берлускони

Италијанскиот бизнисмен и политичар Силвио Берлускони е роден во Милано на 29 септември 1936 година, а неговата биографија е полна со скандали, обвинувања за корупција, сексуални афери и контроверзни деловни потфати, пишуваат светските медиуми.

По дипломирањето на Универзитетот во Милано, Берлускони почнал како претприемач во средината на минатиот век, првин во 60-тите години во секторот за недвижности, пред да се сврти кон медиумскиот сектор, телевизиски и издавачки, во 80-тите години.

Тој влезе во политиката во 1994 година со основањето на тогаш движењето Форца Италија.

До 1990 година имаше повеќе од 150 бизниси, вклучувајќи три телевизиски мрежи и најголемата издавачка куќа во Италија.

Беше премиер на Италија во 1994 година, во периодот 2001-2006 година, како и 2008-2011 година, што го прави повоен премиер на Италија со најдолг – деветгодишен мандат.

Соочен со конфликт на интереси и други обвинувања, поднесе оставка во декември 1994 година. Подоцна беше осуден за измама и корупција, иако пресудите на крајот беа поништени. И покрај обвинувањата и критиките за неговата контрола врз голем дел од италијанските медиуми, тој остана лидер на партијата Форца Италија и повторно стана премиер во 2001 година.

Берлускони беше контролен акционер на Mediaset и сопственик на италијанскиот фудбалски клуб Милан од 1986 до 2017 година.

Презентирајќи ја својата биографија „Епската приказна за милијардерот, кој владееше со Италија“ на новинарот на La Gazzetta dello Sport, тој рече дека нема намера да го напушти Милан додека не донесе нови успеси на клубот и опиша колку му значи овој клуб.

„Веќе им кажав на децата дека кога ќе заминам, ако сакаат, може да продадат сè што ќе им оставам. Единствено да не продаваат две работи: мојата куќа во Аркоре и поголемиот дел од сопственоста на Милан“, рече Берлускони.

На едно место во неговата биографија тој опишува колку детството му било поврзано со Милан.

„Вистинската важност на Милан ме потсетува на моето детство, на татко ми. Разговаравме речиси секоја вечер кога ќе се вратеше од работа. Во тоа време клубот не беше голем, но јас се идентификував со некои од играчите и сонував за Милан. Кога ме замолија да го купам Милан, веднаш помислив на татко ми и решив да го купам клубот“, се вели во книгата за човекот во чија ера Милан петпати ја освојуваше титулата во Лигата на шампионите и осумпати титулата во Серија А.

Во 2018 година Forbes го рангираше Берлускони како 190-ти најбогат човек во светот со нето-богатство од 8 милијарди американски долари. Девет години претходно, Forbes го рангираше на 12-тото место на листата со најмоќни луѓе во светот за неговата доминација во италијанската политика.

На изборите во 2006 година неговата коалиција беше поразена од блокот на левиот центар, предводен од Романо Проди. По оставката на Проди во 2008 година, Берлускони доби трет мандат како премиер. Сепак, низата лични скандали и нестабилната италијанска економија предизвикаа да избледи поддршката на Берлускони и тој поднесе оставка во ноември 2011 година.

Антонио Тајани, кој заедно со Берлускони ја основаа Форца Италија во 1993 година, своевремено изјави дека поранешниот премиер е лидер во сите сфери на животот.

„Берлускони е лидер како претприемач, лидер во фудбалот, како долгогодишен сопственик на Милан, еден од најважните политичари во историјата на Италија, кој напорно работеше во корист на трансатлантските односи“, рече Тајани.

Политичките достигнувања на поранешниот премиер беа засенети од безброј кривични пријави против него – иако единствената пресуда што не беше поништена во жалбата беше за даночна измама – и неговите озлогласени секс-забави, познати како „бунга бунгас“, на кои често се појавуваа помлади убавици, кои му служеа за неговиот имиџ и напредување во кариерата.

Берлускони е осуден на седум години затвор поради проституција со малолетници за време на организирани забави. Казната е укината во жалбена постапка. Така, пресудата дека платил за секс со малолетна Мароканка, позната како Руби, крадец на срцето, била поништена, иако потоа се соочил со две обвиненија за поткуп на сведоци за да молчи.

Џовани Орсина, професор на Универзитетот „Луис“ во Рим, верувал дека тој човек никогаш не треба да се потцени.

Советниците на Берлускони наводно му рекле дека е целосно луд кога првпат станал ТВ-тајкун и повторно кога сакал да стане премиер, професорот Орсина вели:

„Тој е човек од кој можеш да го очекуваш невозможното“.

Берлускони зад себе остави пет деца од два брака.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Живот

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Read more

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе