Кои брендови доминираат на пазарот на автомобили?

Изминатата година ја одбележаа големи доцнења, недостиг на автомобили, но и инфлација и значително зголемување на цените на автомобилските пазари ширум светот. Ова предизвика послаби резултати, но забележливи се и некои знаци на закрепнување.

Магазинот Motor1.com објави детална анализа на продажбата на нови автомобили ширум светот.

Така, Кина и понатаму е најголемиот светски пазар на автомобили, а минатата година беше доста добра со оглед на глобалните предизвици. Количината на продадени автомобили е зголемена за 2 отсто на вкупно 26,86 милиони автомобили, во споредба со 2021 година.

Овој резултат е уште подобар од 2019 година, пред пандемијата. Голем дел од растот е поттикнат од електричните возила, кои имаат силен поттик од централната влада. Според прелиминарните податоци, овие возила учествуваа со 20 проценти од вкупната продажба, а Wuling Hongguang Mini EV влезе во првите три најпродавани модели, додека BYD Song Plus беше на врвот на листата со продадени 459.424 примероци.

Втор по големина пазар беше американскиот и беше повеќе изложени на инфлациски притисоци и на раст на каматните стапки. Продажбата на возила изнесуваше 13,83 милиони автомобили, што е пад од 8 отсто во однос на 2021 година и најниско од 2012 година.

И покрај негативните резултати, клиентите продолжија да се префрлаат од седани и мини комбиња кон SUV и камиони, а Tesla продолжи да расте. Сепак, електричните автомобили сè уште сочинуваат мал дел од вкупниот број, при што Ford F-Series го држи првото место со 653.957 единици, следен од Chevrolet Silverado на второто и RAM пикапот на третото место.

Во Европа ситуацијата е слична на онаа во САД. Податоците за четирите најголеми пазари (Германија, Велика Британија, Франција, Италија и Шпанија), кои сочинуваат околу 75 отсто од целиот регион, покажуваат дека падот на пазарот не запира. Во 2022 година, продажбата изнесуваше 9,05 милиони автомобили, што е за 6 отсто помалку од 2021 година.

Количината е намалена за 7 отсто во однос на годината на пандемијата (2020) и 29 отсто во однос на 2019 година. Во Германија повторно триумфираше Volkswagen со три автомобили позиционирани на првите три места на подиумот. Во Франција, доминацијата на Renault Group беше прекината со нов најпродаван победник. Peugeot 208 е продаден во 88.812 примероци.

За четири години, пазарот изгуби повеќе од 3,7 милиони продадени автомобили. Состојбата е практично иста во пет земји. Најголем пад во однос на 2021 година забележаа Франција и Италија, додека германскиот пазар остана стабилен.

Сепак, сите забележаа двоцифрен пад меѓу 2019 и 2022 година. Недостигот на нови автомобили во салоните и зголемените трошоци за живот, делумно поради енергетската криза, ја објаснуваат критичната ситуација. Конечно, интересна е ситуацијата во Шпанија, каде Hyundai Tucson го зазеде првото место со вкупно 21.985 продадени примероци, а потоа Dacia Sandero на второто и Seat Arona на третото место.

За разлика од Америка и Европа, ситуацијата во Австралија, Индија, Индонезија и Турција е доста добра. Не само што обемот на пазарот се зголеми меѓу 2021 и 2022 година, тој беше поголем отколку што беше две и три години порано. Австралија, особено, забележа триумф на возилата со погон на сите тркала. На прво место се најде Toyota Hilux со вкупно 64.391 продадени примероци, а потоа Ford Ranger (47.479) и Toyota RAV4 (34.845).

реклама

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Read more

Уписи на УКИМ – над 10.000 места за бруцоши

Read more

Авто новости

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Read more

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Read more

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Read more

Колку е навистина реално автоматското возење?

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow
  • filter

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Читај повеќе

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Читај повеќе
  • filter

Италијанците го претставија концептот Quintessenza: GT што се претвора во пикап

Читај повеќе
  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе