Кои им се опциите на Германците без Северен поток 2?

По руската инвазија на Украина и затворањето на проектот за гасоводот Северен поток 2, во Германија се забрзуваат подготовките за изградба на инфраструктура за течен гас (LNG) и пред сѐ терминал за LNG што треба да се изгради во близина на Хамбург.

„Украинската криза, но и поскапувањето на енергенсите ни покажаа дека Германија мора да биде понезависна од билатералните договори со одделни земји“, изјави министерот за економија на сојузната покраина Долна Саксонија, на чија територија треба да се изгради терминалот во Штад.

Друга можна локација за терминалот е Брунсбутел, од другата страна на устието на Елба, во сојузната држава Шлезвиг-Холштајн.

Терминалите за течен гас досега не беа во фокусот на германската енергетска политика, но неодамна, особено по ескалацијата на украинската криза, во Германија отворено се разговараше за можноста за изградба на такви терминали. Оваа можност ја поддржа и претходната и сегашната влада.

Дебатата се вжешти по вчерашниот потег на Германија

Дебатата доби на интензитет откако германската влада вчера го стави во мирување проектот за гасоводот Северен поток 2.

„Терминалите за LNG се дополнителен ‘бајпас’ и помагаат да се постигне целта за постигнување енергетска независност“, изјави министерот за економија Роберт Хабек (Зелени) за весникот Handelsblatt. Тој посочи и дека поради намаленото снабдување со гас од Русија минатата зима има тесни грла во снабдувањето и заклучи дека тоа „мора да донесе со себе некои политички чекори“.

Хабек рече дека терминалите за LNG може да се користат и за пренос на водород, на кој се потпира дел од климатската стратегија на Германија.

Терминалите за LNG беа особено спомнати за време на владеењето на американскиот претседател Доналд Трамп, кој сакаше да ја натера Германија да се откаже од проектот Северен поток 2 и да се сврти кон увоз на течен гас. САД, заедно со Катар и Австралија, се најголемиот извозник на течен природен гас во светот.

Керстин Андреа, директорка на Здружението на германската енергетска економија (BDEW), смета дека Германија веќе може да се поврзе со постоечката мрежа во рамките на ЕУ, иако нема сопствен терминал за LNG.

„Германија нема свои терминали, но може многу брзо да се поврзе со постојното снабдување преку холандската и француската мрежа“, рече Андреа.

Германија е директно поврзана со терминалите во Данкирк (Франција), Ротердам (Холандија) и Зебруге (Белгија).

„Досега на Германија не ѝ требаше LNG, но економските и политичките услови можат да го променат тоа“, рече Андреа.

Сепак, поради лошата еколошка рамнотежа на LNG, на изградбата на терминалот се противат претставници на еколошките здруженија, како и делови од Партијата на зелените, која учествува во работата на новата федерална влада.

Германија во моментов задоволува повеќе од 50 отсто од потребите за природен гас со увоз од Русија.

Се огласи и Шолц

Германскиот канцелар Олаф Шолц го оправда стопирањето на проектот за гасоводот Северен поток 2 поради новонастанатата ситуација во источна Украина.

„Со признавањето на сепаратистичките области во источна Украина, Русија создаде сосема нова ситуација и поради најновите случувања, треба да ја преиспитаме ситуацијата, вклучувајќи го и проектот Северен поток 2“, рече германскиот канцелар Олаф Шолц (Социјалдемократската партија на Германија ) на маргините на средбата со ирскиот премиер Мајкл Мартин во Берлин.

Шолц рече дека побарал од Министерството за економија да се преиспита т.н безбедност на снабдувањето што е предуслов за издавање на работна дозвола.

Звучи комплицирано, но тоа е административен акт без кој не би било можно да се запре проектот“, изјави германскиот канцелар.

„Тоа би можело да потрае“, рече Шолц на прашањето колку долго ќе трае процесот на издавање дозволи, кој започна минатата есен.

Шолц најави можни нови санкции, но рече дека најважно е да се избегне понатамошна ескалација.

„Во оваа фаза важно е, покрај првите санкции, да спречиме понатамошна ескалација и со тоа нова катастрофа“, рече Шолц.

Технички е завршен гасоводот долг 1.200 километри од Русија до Германија под Балтикот. Федералната агенција за мрежа престана да издава лиценца во ноември, барајќи од швајцарскиот конзорциум Северен поток 2 „да се организира според германските закони“, односно да ја одвои сопственичката структура од главниот снабдувач, рускиот државен Газпром.

Проектот Северен поток 2, кој досега го поддржаа сите германски влади, од самиот почеток предизвика протести во Украина, Полска и балтичките членки на ЕУ поради фактот што гасоводот целосно ги заобиколува териториите на овие земји. Изградбата на Северен поток 2 започна во 2018 година, а изградбата досега чинеше околу 10 милијарди евра.

Во рамките на новата коалициска влада, составена од социјалдемократи, зелени и либерали, само Зелените досега експлицитно се спротивставија на проектот Северен поток 2.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе