Кои луѓе не смеат да консумираат ѓумбир?

Ѓумбирот е една од најлековитите намирници што се користи за лекување низа тегоби и нарушувања. Многумина сакаат да уживаат во пиењето чај од ѓумбир, а една од омилените комбинации е чајот од ѓумбир со мед, лимон и лук, за подобрување на имунитетот.

Сепак, треба внимателно да се консумира бидејќи ѓумбирот не им одговара на сите. Постојат луѓе кои не смеат да консумираат ѓумбир, особено оние со одредени здравствени проблеми.

Ѓумбир и лекови за контрола на притисокот

Некои лекови за контрола на нивото на крвниот притисок може да дојдат во интеракција со ѓумбирот. Нивото на притисокот тогаш станува прениско, па може да се наруши и срцевиот ритам. Ако земате лекови за контрола на крвниот притисок, немојте да користите ѓумбир без претходна лекарска консултација.

Ѓумбир и камен во жолчка

Постојат поделени мислења, некои експерти препорачуваат користење ѓумбир за остранување на каменот во жолчка, додека други сметаат дека е подобро целосно да се избегнува. Затоа е важно да разговарате со вашиот доктор пред да почнете со консумација на ѓумбир. Ако ви одобри, внимавајте на количината.

Ѓумбир и лекови против згрутчување

Ѓумбирот ја разредува крвта што значи дека треба да го избегнуваат луѓето кои земаат лекови против згрутчување на крвта или имаат нарушувања при крвавење.

Ѓумбир и лекови за контрола на дијабетес

Ѓумбирот може да го намали нивото на шеќер во крвта и е добар за дијабетичари кои го контролираат нивото на шеќер исклучиво преку исхраната. Но, во комбинација со лекови ѓумбирот може премногу да го намали нивото на шеќер и да го зголеми ризикот од хипогликемија. Затоа дијабетичарите кои земаат лекови или инсулин можат да користат ѓумбир само по претходно лекарска консултација.

Ѓумбир и бременост

Бремените жени многу често користат ѓумбир за да ги ублажат утринските мачнини, но треба да го користите само по лекарски совет. Досегашните истражувања дадоа различни резултати, загрижувачки е фактот дека ѓумбирот може да го зголеми ризикот од спонтан абортус.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Здравје

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

4 несакани последици кои може да се јават ако јадете премногу леб

Read more
 

Магазин

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе