Кои модели најмногу разочараа на тестот EuroNCAP?

Организацијата за тестирање на безбедноста на автомобилите што се продаваат на европскиот пазар – EuroNCAP, ги објави рејтинзите по тестирањето на најновата група од 11 модели.

Најшокантни резултати секако се нула ѕвезди за Renault Zoe и само една ѕвезда за моделот Dacia Spring. Заедничко за овие два автомобили е тоа што се на електричен погон и потекнуваат од групацијата Renault.

Renault го претстави моделот Zoe уште во 2012 година, а бидејќи редизајнот од 2019 година не донесе никакви безбедносни подобрувања, се очекуваше овој електричен автомобил од Б сегментот лошо да помине на тестот кој секоја година ги заострува и онака строгите критериуми.

Сепак, малкумина можеа да предвидат дека Zoe ќе го помине тестот со нула, што е најлошата оценка што Renault некогаш ја добил на безбедносен тест на EuroNCAP.

EuroNCAP рече дека Zoe нуди лоша заштита во случај на сообраќајна несреќа во целина и лоша заштита на ранливите учесници во сообраќајот (пешаци, велосипедисти ...), а ѝ недостигаат значителни технологии за одбегнување судири.

Тие додадоа дека наместо да се подобри безбедноста, редизајнот од 2019 година практично ги влошил работите со инсталирање на воздушно перниче што ги штити само градите наместо странично воздушно перниче сместено во седиштето, кое би ги заштитило градите и главата.

Епилогот е дека Zoe добил само 43% поени кога станува збор за заштита на возрасните патници, 52% за безбедноста на децата патници, 41% за заштита на ранливите категории учесници во сообраќајот и едвај 14% за системите за помош на возачот.

Remote video URL

Уште еден целосно електричен автомобил од групата Renault, Dacia Spring, исто така лошо се покажа на тестот со само една EuroNCAP ѕвезда.

Spring, кој се заснова на електричниот модел Renault City K-ZE за кинескиот пазар, и кој практично е EV дериват на застарениот Renault Kwid, имаше резултат од 49% во заштитата на возрасни патници, 56% кај децата, 39% во случај на ранливи учесници во сообраќајот и 32% за електронски безбедносни системи.

EuroNCAP ги опиша безбедносните перформанси на автомобилот како „многу проблематични“.

Коментирајќи ги резултатите на двата модела, Михел ван Ратинген, генерален секретар на EuroNCAP, рече: „Renault порано беше синоним за безбедност. Laguna беше првиот автомобил што доби пет ѕвезди во 2001 година. Но, овие разочарувачки резултати за Zoe и Dacia Spring покажа дека безбедноста стана колатерална штета на преминот на Групацијата кон електрични автомобили.“

„Пред само неколку месеци, од Dacia тврдеа дека се ‘преокупирани со зголемување на безбедноста на патниците во возилата’ и дека нивните нови автомобили секогаш носат безбедносни подобрувања. Очигледно не е така - не само што овие автомобили не нудат значајни активна безбедност како стандард, туку нивната заштита на патниците е полоша од кое било возило што сме го тестирале низ годините наназад. Цинично е да му се понуди на потрошувачот прифатлив ‘зелен’ автомобил, ако тоа е на сметка на поголем ризик од повреда во случај на несреќа“, рече Ван Ратинген.

Remote video URL

Инаку, останатите нови модели од групата тестирани автомобили се претставија одлично, а 7 од 11-те модели добија максимални пет ѕвездички.

Очекувано, луксузниот електричен Mercedes-Benz EQS постигна импресивни 96% во областа на заштита на возрасни патници и 91% во случај на деца, додека за безбедноста на ранливите категории учесници во сообраќајот постигна 76%, а на терен на електронски безбедносни системи и помош на возачот 80 %.

Remote video URL

Конкурентниот BMW со електричниот теренец iX, исто така, доби високи оценки во секоја поединечна категорија (91%, 87%, 73% и 81%) и лесно доби оценка со 5 ѕвезди.

Исто така, новата генерација на Nissan Qashqai покажа супериорни безбедносни перформанси (91% за возрасни патници, 91% за деца, 70% за ранливи учесници во сообраќајот и рекордни 95% за електронски системи за помош.

Remote video URL

Други модели кои добија максимум 5 ѕвезди на тестот се Genesis G70 и GV70, Škoda Fabia, како и Volkswagen Caddy, што покажува дека лесните комерцијални/MPV возила постигнале значителен напредок во однос на безбедноста во изминатата деценија.

На најновите тестови на EuroNCAP, електричниот Fiat 500e и SUV MG Marvel R добија четири ѕвезди.

Remote video URL
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Авто новости

Почна производството на електричниот Porsche Macan, целта е 20.000 примероци за една година

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Read more

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Read more
 

Автомобили

  • filter

Почна производството на електричниот Porsche Macan, целта е 20.000 примероци за една година

Читај повеќе
  • play_arrow

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Читај повеќе
  • filter

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Мистериозниот“ Golf GTI ќе дебитира на Нирбургринг

Читај повеќе

Како да препознаете дека акумулаторот слабее?

Читај повеќе

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Читај повеќе

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Читај повеќе
  • play_arrow

Tesla ги чува непродадените возила на паркинг во трговски центар

Читај повеќе