Кои периоди во годината се најлоши за љубов?

Според хороскопот постојат добри и лоши денови за љубов и затоа треба да се внимава кога и што се прави на таа тема.

Астрологот Инбал Хонигман ги откри најдобрите датуми, како и деновите во неделата за големи чекори во љубовта. Ако сте добиле покана за прв состанок или планирате да му кажете на некого дека го сакате, да предложите заеднички живот или дури и брак, прво погледнете го календарот, сабота е најлошиот ден за тоа.

„Избегнувајте ја саботата за големи љубовни настани. Сабота е ден посветен на забава и релаксација и не треба да има никаква врска со емоциите, освен во еден исклучок. Сабота е одличен ден за свадби бидејќи е именуван по Сатурн, планета со која владее одговорноста, зрелоста и кармата. Но, за првата средба воопшто не е добар избор“, вели таа.

Петок е многу подобар за првиот состанок. Денот кај германската група јазици е именуван по нордиската божица на љубовта Фреја (пример: Friday, Freitag, vrijdag, fredag... од старонордиски frjá-dagr - ден на Фреја), додека кај романската група е по римската божица Венера, исто така на љубовта (пример: venerdì, viernes, vendredi... од латински dies Veneris - ден на Венера).

Не спроведувајте важни љубовни настани, изливи на емоции или планови дури и кога Меркур е ретрограден. Овој небесен феномен првенствено влијае на комуникацијата и има големи шанси нешто што ќе го кажете да не биде добро разбрано. Разговорите ќе бидат чудни и вештачки, а разбирањето на пораките бавно.

„Да речеме дека сте запознале некој пред ретроградниот Меркур, сте отишле на состанок и сте си поминале одлично. Но, следниот го закажувате кога Меркур е во ретроградна орбита. Одеднаш, седите со истата личност, но немате што да кажете, зборовите тешко ви паѓаат и воопшто не се разбирате. Трета средба нема да има“, предупредува таа.

Се знае кога Меркур ќе биде ретрограден, па знајте дека, се разбира, тогаш не е забранет состанок со некого, особено што се работи за подолги периоди. Само немојте да имате преголеми очекувања бидејќи Меркур ќе „се меша“ и ќе уништи сѐ, па затоа е важно да бидете подготвени за тоа.

14 јануари - 3 февруари
1 мај - 2 јуни
9 септември - 2 октомври
29 декември

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Љубов и секс

Што значи да сте заглавени во врска?

Read more

Не се измачувајте повеќе: Дали е време да раскинете?

Read more

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Read more

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more
 

Магазин

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе