Понудата на автомобили никогаш не била побогата, а истото важи и кога се во прашање екстремно скапите автомобили.
До неодамна можеше на две раце да се избрјат новите автомобили кои можете да ги купите за повеќе од милион евра. Денеска ги има десетици.
Апсолутно најскапиот електричен автомобил е јапонскиот Aspark Owl со цена од речиси 3 милиони евра.
На патот кон топ 10 ќе налетаме на Gordon Murray T.50. Авторот на првиот, и според многумина најдобриот, хиперспортски автомобил Gordon Murray има ново уживање. И овој е исто толку фантастичен. За жал, таква е и цената, а се проценува на околу 2,4 милиони евра, колку што е цената на распродаденото реинкарнирано Lamborghini Countach.
И тука започнуваат вистинските задоволства. Тука се Mercedes-AMG Project One и нешто поскапиот Aston Martin Valkyre. Нивната сегашна цена е секако повисока од првично рекламираната бидејќи и двата модели се распродадени. Сметајте на над три милиони евра.
И сега полека влегуваме во областа каде Bugatti буквално владее. Специјалните верзии на Chiron редовно се продаваат за повеќе од три милиони евра, а прашање е дали може да се добие нешто од списокот и по која цена.
Најновиот модел Mistral ја отвора понудата на автомобили поскапи од пет милиони евра.
Работите стануваат супер интересни. Пред да дојдеме во топ 3, ќе го споменеме Mercedes-Maybach Exelero. Стар е преку 15 години, но со цена од околу 9 милиони евра заслужува уште еднаш да се спомене.
И во топ 3 работите се познати, но не и сопствениците. Две од трите места ги држи Rolls-Royce со своите уникати, а придружувани се од специјална Pagani Zonda, чија цена дополнително порасна во последните години. Сите три автомобили се во сопствена категорија, со цени над 10 милиони евра.