Кои се опасностите од брзото слабеење со диети „5 до 12“?

А.С.
/ 08.07.2022 / 20:45

Околу нас постојано имаме некој кој е на диета што ветува чуда.

Брзите диети се примамливи бидејќи ветуваат намалување на килограмите за релативно кратко време, а подразбираат рестрикции што во поголемиот број случаи лошо ќе се одразат на здравјето понатаму. Пред празниците често ќе слушнеме дека некој е на диета за да изгледа добро на новогодишната прослава, а ваквите брзи диети се честа појава и пред важни настани како свадби, или одење на летен одмор.

Фитнес тренерите имаат да кажат нешто за тоа.

Тие апелираат да си го чувате здравјето и да не си го изложувате телото на стрес со ваквите брзи диети што често имаат јо-јо ефект.

„Не верувам во тие диети 5 до 12 што се темелат на драстично намалување на внесувањето калории за да се постигнат ‘веднаш видливи резултати’. Не верувам во брзо слабеење, ниту во магични напивки и каши наместо оброк“, вели Џо Викс, познат како Body Coach.

„Многу луѓе се обидуваат да ослабат во последен миг, изложувајќи го телото на огромен стрес, а кога нема да успеат почнуваат да паничат и си предиззвикуваат уште поголем стрес. А стресот е една од причините за дебелеење, особено за наталожување масти во пределот на стомакот“, вели тој.

„Подготвувањето ‘тело за на плажа’ е мит што само создава притисок. Важно е да имате самодоверба и да сте здрави. Важно е како се чувствувате, а не како изгледате“, додава Викс.

Наглото слабеење и намалувањето на храна штетно ќе се одрази на крвниот притисок, нивото на шеќер, нивото на енергија, квалитетот на кожата и косата, и секако имунитетот на телото. Ако после драстична диета заминете на одмор каде ќе бидете изложени на сонце и ќе го поминувате денот пливајќи во вода, ризикувате да си го ставите животот во опасност.

Тој вели дека е фит бидејќи донел две важни одлуки: да вежба редовно без изговори и сам да си ги подготвува оброците во текот на целата година.

Без разлика дали сакате да изгледате добро за на плажа или за некој друг настан, тој напоменува дека никогаш не е доцна да почнете со здрави навики на исхрана и вежбање и секако, да продолжите така и потоа.

„Не заборавајте дека на телото му се потребни три месеци за да се навикне на промената. Првото нешто што треба да го промените е пиењето вода. Пијте најмалку 2 литра вода дневно, а ако имате интензивни тренинзи, двојно повеќе.“

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Фит

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Read more

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Read more

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Read more

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Читај повеќе

Како да знаете дали се плаши од сериозна врска?

Читај повеќе

Во која земја младите се најсреќни? Не, не е Македонија

Читај повеќе

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе