Кој досега испрати помош во Сирија?

Земјотресот со епицентар во Турција силно го погоди и северот на Сирија, но за разлика од бројната помош која се упати кон Турција, преку јужната граница сликата е поинаква.

Разрушена од граѓанската војна, но и од онаа со ИСИС, Сирија како да немаше доволно маки па сега ја погодија и два разорни земјотреси, истите што уништија десетина градови кај северниот сосед Турција.

И додека светот се организира како да ѝ помогне на Турција, Сирија воглавно остана на страна, и натаму под санкции. Некои сепак заминаа и таму да помогнат.

Досега е потврдено дека прва помош во Сирија пристигнала од Иран, Русија, Египет, Алжир, Ирак, Кина, Пакистан, Либан, Јордан, Тунис, Оман, Бахреин, ОАЕ, Судан, Мавританија и, внимавајте, Северна Кореја.

URL

Од синоќа до денес на оваа листа се приклучија и Унгарија, Венецуела, Ерменија, Индија, Либија, Саудиска Арабија и, внимавајте уште еднаш, Авганистан.

Кога е најпотребно, дури и режими како оние на Ким Џонг-ун и на талибанците праќаат хуманитарна помош.

„Исламскиот емират на Авганистан... објавува пакет помош од 10 милиони авгани (111.024 долари) и 5 милиони авгани (55.512 американски долари) за Турција и Сирија, соодветно, врз основа на заедничката хуманост и исламското братство“, соопшти МНР на Авганистан.

Министерот за надворешни работи на Венецуела, Иван Хил, итно ја повика меѓународната заедница да ги крене санкциите врз Сирија за да може што побрзо да пристигне бројна помош.

URL

Во меѓувреме, сирискиот Министер за надворешни работи, Фајсал Микдад, ги обвини САД дека нивните санкции врз земјата спречиле проток на неопходната помош во разурнатите градови.

Помош за Сирија најави и Шкотска.

URL

И други европски земји, меѓу кои и Македонија, веќе собираат средства за помош и на Сирија, но наметнатите санкции претставуваат проблем како сето тоа да се достави до таму.

URL
URL
URL
URL
реклама

Свет

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Read more

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more
 

Вести

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Читај повеќе

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Читај повеќе

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе