Кој е совршениот подарок за Денот на вљубените според хороскопскиот знак?

Денот на вљубените или Свети Валентин е познат како значајна културна, верска и комерцијална прослава на романтиката и романтичната љубов во многу делови на светот.

Различни култури имаат развиено свои традиции на овој празник. Во некои делови на светот, Денот на вљубените се смета за ден на изразување љубов помеѓу членовите на семејството и пријателите, не само помеѓу романтичните парови.

Ако сакате да му покажете внимание и на вашиот партнер, еве еден предлог во зависност од тоа за кој хороскопски знак станува збор.

ОВЕН

Овенот е познат по тоа што е исклучително разноврсен. Подарете му на вашиот партнер приврзок во форма на апстрактно толкување на хороскопскиот знак. А Овните сигурно имаат испланирано авантура за вас.

БИК

Секој хороскопски знак има скапоцени камења и кристали за кои се смета дека им носат среќа и добросостојба. На овој Ден на вљубените, подарете му на вашиот Бик полускапоцен камен жад. Овој подарок ќе им помогне на Биковите да најдат рамнотежа во хаосот.

БЛИЗНАЦИ

Близнаците се едни од најкреативните во зодијакот и сакаат да работат со рацете. Подарете им некој убав украс за домот, по можност нешто што самите сте го изработиле.

РАК

Раковите се држат до она што го сакаат. Изадувајте ги вашите Ракови и подарете им комплет рачно насликани садови.

ЛАВ

Лавовите се верни и посветени партнери, но сакаат и малку сјај и гламур. На Денот на вљубените, на Лавот подарете му парче современа технологија со кое може да се пофали, како паметен часовник.

ДЕВИЦА

Девиците се познати како перфекционисти, што е титула во која уживаат. Помогнете им да се организираат и за Денот на вљубените подарете им нотес или претплата за апликација за организација.

ВАГА

Практичен подарок е најдобриот избор за Вагите. Суперкул модерни слушалки со кои ќе можат да се исклучат од светот може да бидат идеален подарок за овој знак. Бидете сигурни дека ќе ги користат долго време.

СКОРПИЈА

Аметистот е талисмански камен за родените во знакот Скорпија. Овој камен ослободува од стрес, им носат заштита, јасност на умот и духовен раст на Скорпиите. Подарете им некаков накит изработен од овој полускапоцен камен.

СТРЕЛЕЦ

Љубопитните и авантуристички настроени Стрелци имаат уникатно чувство за себе и единствено чувство за тоа што значи среќа. Подарете им карти за концерт, ранец за патување или книга/плоча што ретко може да се најде.

ЈАРЕЦ

Јарците се познати по тоа што имаат најдобра работна етика од сите хороскопски знаци. На Јарецот подарете му парче канцелариски мебел или торба за лаптоп.

ВОДОЛИЈА

Водолијата е позната по тоа дека е дарежлива, затоа на Денот на вљубените бидете дарежливи кон Водолијата во вашиот живот. Патување или фино, ненападно парче накит ќе ја одушеви секоја Водолија.

РИБИ

Рибите се најскромните од сите хороскопски знаци. Уживаат во секој момент поминат со саканата личност, па подгответе им романтична вечера и подарете им нешто што е симболично за вашата врска – врамена фотографија од заедничко патување, албум на вашиот заеднички омилен музичар...

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Љубов и секс

Што значи да сте заглавени во врска?

Read more

Не се измачувајте повеќе: Дали е време да раскинете?

Read more

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Read more

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more
 

Магазин

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе

Дали е време вашето дете да почне да носи очила?

Читај повеќе