Во Германија во април беа продадени 120.840 нови автомобили.
Германските власти дозволија продажните автосалони во земјата да продолжат со работа на 20 април, па падот на новорегистрирани возила донекаде беше амортизиран и изнесува 61%, објави Autonews Europe.
Тоа е сепак значително подобро од состојбата во Велика Британија каде во април беа испорачани сѐ на сѐ 4.321 автомобил, што е пад од дури 97,3%, додека во Италија продажбата опадна за 98% и во Франција за 72%.
Сите автомобилски компании на германскиот пазар запишаа негативни резултати кога станува збор за бројот на продадени автомобили, со исклучок на Tesla. Американскиот производител на електрични возила со испорачани 635 автомобили забележа раст од 10% во април, во споредба со истиот месец во 2019 година.
Со оглед на тоа дека Tesla своите возила главно ги продава онлајн, компанијата не почувствува толку силен удар од затворањето на продажните салони во Германија за време на корона-кризата.
Кога станува збор за останатите брендови, Opel zapi[a pad od 73%, Mercedes имаше пад на продажбата од 71%, а Volkswagen од 64%. BMW во Германија во април забележа пад од 50%, Hyundai 69%, а Honda 73 отсто.
Ford продаде за 62% помалку возила во споредба со април, 2019 гдина, Mazda забележа пад од 75 отсто, а Smart има пад од 94,1%.
Експертите велат дека отворањето на автосалоните во последната декада од април не направило значително подобрување на резултатите во продажбата, бидејќи побарувачката за нови автомбили во Германија генерално е во пад поради пандемијата, имајќи предвид дека економската неизвесност во земјата, како и во целиот свет, се очекува да биде голема и по укинувањето на вонредните мерки.