Кој ќе плати, ќе добие ВИ: Дали Google ќе воведе наплата за својата основна услуга?

Додека шефовите на компанијата сѐ уште размислуваат за воведување на наплата за услугата за пребарување со вештачка интелигенција (ВИ), инженерите на Google веќе напорно работат за да ја развијат технологијата неопходна за нејзино воведување.

Google сериозно размислува да воведе трошоци за нови премиум функции за интернет пребарувања овозможени од генеративна вештачка интелигенција.

Ова би можело да биде најголемата промена во бизнисот на американскиот интернет гигант, бидејќи е прв пат од основањето на компанијата во 1998 година да ќе почне да наплатува за користењето на своите услуги.

Со ова Google, исто така, за прв пат би го променил својот главен бизнис модел врз основа на приходите од реклами, пишува Financial Times, кој ја објави информацијата за плаќањето повикувајќи се на три извори запознаени со ситуацијата во компанијата.

Сепак, тоа не значи многу за „редовните“ корисници, бидејќи основниот пребарувач на Google ќе остане бесплатен за сите корисници.

И додека челниците на компанијата сѐ уште размислуваат за воведување на наплата на оваа услуга, инженерите на Google веќе сериозно работат на развој на технологијата неопходна за нејзино воведување.

Менаџментот на компанијата се двоуми во овој случај, бидејќи стравува дека воведувањето на врвна технологија за вештачка интелигенција би можело да го загрози нејзиниот главен приход од рекламирање, забележува Financial Times.

Во 2023 година, Google заработи 175 милијарди долари само од пребарувањето и поврзаните реклами, огромна сума што сочинуваше повеќе од половина од вкупниот приход од минатата година.

Тагови
реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Нови цени на бензинот и на дизелот од полноќ

Read more

Интернет

YouTube тестира нов формат на реклами

Read more

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Read more

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Read more
 

Гик

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе