Кој прозорец да го отворите за да се заштитите од КОВИД додека се возите во автомобил?

Ако се најдете во автомобил со личност која не е член на вашето домаќинство за време на пандемија, вашиот прв инстинкт веројатно ќе биде да го спуштите прозорецот, без разлика дали сте возач или совозач.

Но, физичар од Универзитетот во Масачусетс Амхерст во нова студија покажа дека отворањето на најблискиот прозорец не е секогаш најдобрата опција да се заштитите од зараза со COVID-19 или каква било друга инфекција во воздухот.

Во трудот објавен во списанието Science Advances, истражувачите откриле како протокот на воздух во автомобил може да влијае на ширењето на инфекцијата. Компјутерски модели симулираа автомобил, базиран на Toyota Prius, кој се движи со брзина од 80 км/ч.

Главниот автор на студијата, Варгес Матаи, доцент по физика, вели дека можеби не е оптимално да се отвори најблискиот прозорец за време на возењето, но посочува дека е исто така поважно од воопшто да не се отвораат прозорците.

„Ние го дизајниравме ова истражување имајќи предвид возење во исто возило со луѓе кои не се од вашето домаќинство, од традиционално такси или Uber до некомерцијално возење, под претпоставка дека во возилото се возачот и еден патник седнат на задното седиште во автомобилот, за да се обезбеди најдобра можна далечина“, рече тој.

Затворање на сите прозорци е најризична опција

Накратко, истражувањето сугерира дека отворањето на прозорците најдалеку од возачот и совозачот може да понуди некои придобивки. Се смета дека отворањето на сите прозорци, заедно со протокот на свеж воздух низ климата, создава најдобра средина и дека во такви услови ризикот од инфекција е помал. Најризична опција е да ги затворите сите прозорци, користејќи го само режимот за кружење на воздухот, објави News Medical.

Бидејќи е непрактично да се држат отворени сите прозорци во зима или додека врне, Матаи сакаше да испита што се случува со аеросолизираните честички што ги издишуваат патниците во автомобилот, со различни комбинации на отворени и затворени прозорци.

„Овие ситни, потенцијално патогени честички остануваат во воздухот долго време, па ако не бидат исфрлени од автомобилот, тие можат да се акумулираат со текот на времето и да го зголемат ризикот од инфекција“, објаснува тој.

Општо, воздухот што струи во автомобилот создава помал притисок врз предните прозорци во споредба со задните, вели Матаи.

Ништо без заштитни маски

Тој објаснува дека нивната идеја е да се отвораат предниот и задниот прозорец од спротивните страни, така што воздухот ќе струи од задниот дел кон напред, поминувајќи низ средината.

Студијата ја спроведе со Асиманшу Дас, Џефри Бејли и Кенет Бројер од Универзитетот Браун. Истражувачите претпоставуваа дека ако не може да се отворат сите прозорци, отворањето на предниот прозорец од десно и задниот од лево најдобро може да ги заштити возачот и совозачот од стотици аеросолни честички исфрлени со секое издишување.

„На наше изненадување, симулациите покажаа дека воздушната струја делува како бариера помеѓу возачот и патникот“, рече Матаи, додавајќи дека овие мерки не се замена за носење маска за лице додека сте во автомобилот, но можат да ја намалат количината на патогени микроорганизми во возилото.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Здравје

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Read more

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Read more

Храна што треба да ја одбегнувате по 40-тата година

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе