Кој воопшто ќе игра во Суперлигата? Список на сите великани кои експресно одбија

Многу европски фудбалски гиганти ја отфрлија идејата за потенцијално приклучување во Суперлигата веднаш откако Европскиот суд на правдата пресуди во корист на натпреварувањето, а против УЕФА и ФИФА.

Вчерашниот ден во светот на фудбалот може да биде важен за целата иднина. Европскиот суд на правдата одлучи дека УЕФА и ФИФА постапиле спротивно на законот за натпреварување со блокирање на формирањето на Суперлигата во 2021 година.

Тоа значи дека Суперлигата веќе нема никакви пречки и дека фудбалот може засекогаш да се промени. Сепак, писмата за одбивање од светот на фудбалот пристигнаа уште првиот ден, а бројни великани одбија да учествуваат во натпреварувањето кое допрва треба да се формира.

Четири од шесте најголеми англиски клубови одбија да играат во Супер лигата. Прв тоа го направи Манчестер Јунајтед, а потоа следуваа Манчестер Сити, Челси, Арсенал и Тотенхем. Интересно е тоа што Ливерпул сѐ уште не се огласил.

По нив следеа бројни европски гиганти како Баерн, Пари Сен-Жермен, Интер, Борусија Дортмунд, Атлетико, Севиља, Валенсија, Реал Сосиедад, Виљареал, Селтик, Аталанта, Порто, Монако, Фејнорд и Рома кои се огласија и официјално објавија дека нема да учествуваат во Суперлигата до моментот на објавување на овој текст.

И не само тие, туку и некои помали клубови објавија дека нема да бидат дел од Суперлигата и дека стојат зад натпреварувањата на УЕФА и ФИФА, како на пример италијанскиот третолигаш Пескара и македонскиот Работнички.

Така, Реал Мадрид и Барселона остануваат единствените клубови кои се исклучиво со Суперлигата. Доста галама, крена претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, кој ја поддржува Суперлигата, но клубот официјално нема излезено со став.

Неколку гиганти сѐ уште не се огласиле, а под лупа се италијанските Јувентус и Милан. Се разбира, Јувентус беше еден од организаторите на Суперлигата во 2021 година, но во меѓувреме се откажа од проектот, а ја промени и управата. Сега ги чекаме двата најголеми италијански клуба да дадат официјално соопштение за ова прашање.

Ова оди во прилог на вчерашната изјава на првиот човек на УЕФА, Александер Чеферин: „Можат да прават што сакаат. Се надевам дека ќе имаат прекрасно натпреварување со само два клуба“.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе