Минатиот месец светот ја прими одличната вест дека вакцините за новиот коронавирус се подготвени за дистрибуција, а сега, веќе 7,35 милијарди дози се веќе купени од држави или организации ширум светот.
Duke Global Health Innovation Center направи истражување околу тоа која држава колку вакцини има досега обезбедено.
Податоците покажуваат дека и покрај тоа што богатите држави на изглед најмногу купуваат, сепак лидер е Индија со дури 1,5 милијарди дози. Според проценките направени во 2018 година, Индија има 1,352 милијарди жители, што значи дека веќе има обезбедено вакцини за нешто над половина од популацијата.
На листата се и Европската Унија, која е лидер, но не е држава, како и Ковакс системот кој е глобална иницијатива за еднаква распределба на вакцини.
Затоа, пак, Канада води по број на дози по жител бидејќи има нарачано 350 милиони вакцини за население од само 38 милиони, што е еднакво на 9 дози по човек.
Во моментов имаа над 200 кандидати за производство на вакцина кои се развиваат и се тестираат. Сепак, важно е да се има на ум дека не сите вакцини-кандидати успешно ќе ги минат тестовите.
Податоците покажуваат дека најпопуларна засега е вакцината на Оксфорд со продадени над 2,5 милијарди дози. Познатиот универзитет со соработка со AstraZeneca им продаде по 500 милиони вакцини на Индија и на САД поединечно, како и 400 милиони на ЕУ.
На второто место е Novavax со 1,3 милијарди, додека Pfizer-BioNTech и Moderna имаат продадено 10% и 6% од производството.
Во однос на цените, Pfizer-BioNTech продаваат за 19,5 долари по доза, што значи дека досега имаат профит од над 13 милијарди долари.
Оксфорд - универзитет во Оксфорд, Англија
AstraZeneca - британско-шведска компанија со седиште во Кембриџ, Англија
Novavax - американска компанија со седиште во Гејтерсбург, Мериленд
GlaxoSmithKline (GSK) - британска компанија со седиште во Брентфорд, Англија
Pfizer - американска компанија со седиште во Менхетен, Њујорк
Moderna - американска компанија со седиште во Кембриџ, Масачусетс
Janssen - белгиска компанија со седиште во Беерсе, Белгија
Sinovac - кинеска компанија со седиште во Пекинг
CureVac - германска компанија со седиште во Тибинген
Гамалея - руска компанија со седиште во Москва