Која е 44 години помладата девојка на Мик Џегер која му го роди осмото дете?

Мелани Хемрик (34) е во врска со Мик Џегер (78) од 2014 година, а две години подоцна се најде во центарот на вниманието кога стана мајка на неговото осмо дете, синот Деверо.

Мелани е родена во Вилијамсбург, Вирџинија, а почнала да танцува во Школата за изведувачки уметности во Источна Вирџинија. Потоа продолжила да игра во Вашингтон на балетската академија Киров.

Откако нивната врска стана јавна, парот често може да се види на приватни излегувања, но и на деловни настани. Иако нејзиното име се појавува на насловните страници главно поради романсата со пејачот на „Ролинг стоунс“,Мелани има свои таленти.

Мелани направи пауза од својата балетска кариера додека беше бремена со бебето на Мик, но заработуваше со тоа што беше балерина, дури и танцуваше за Американскиот балетски театар. Почнала да танцува кога имала само три години, а првиот договор со АБТ го добила на 17 години. Таа се пензионираше во 2019 година, по 15 години, и се фокусираше на улогата на мајка.

Пред да го запознае Мик, Мелани беше свршена со колегата балетан Хозе Карен. Меѓутоа, кога во 2013 година кога тој прифатил да го режира балетот Сан Хозе, врската беше прекината по шест години.

Американскиот балетски театар беше на турнеја во Токио во исто време со „Ролинг стоунс“ во февруари 2014 година. Мик ја забележал Мелани како се дружи со нејзините пријатели зад сцената.

Ја поканил на вечера, по што почнале да поминуваат повеќе време заедно. За жал, долгогодишната девојка на Мик, Лорен Скот почина во март истата година, но до јуни истата година Мелани и фронтменот на „Ролинг стоунс“ веќе почнале да се гледаат.

Да се ​​биде со Мик Џегер има свои предности - музичарот ѝ купил куќа во Њујорк за 7 милиони долари, во октомври 2016 година.

Тагови
реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Живот

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Read more

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе