Аргентинскиот модел и фудбалски агент Ванда Нара го остави сопругот Мауро Икарди. Крајот на седумгодишната љубов следи по аферата на фудбалерот со аргентинската актерка Марија Еухенија Суарес.

Според пишувањето на медиумите, Ванда Нара веќе се иселила од семејниот дом во Париз и со себе ги зела петте деца. Со Мауро има две деца и три деца од првиот брак со Макси Лопес.
„Раката ми изгледа подобро без прстени“, објави Ванда на Instagram Story.
Целата приказна за неверството на Икарди почна откако Ванда се посомневала дека ја изневерува. Најмила приватен детектив да го следи Икарди, а откако добила потврда за сомнежите, му го хакирала телефонот и во него пронашла компромитирачки пораки.
Италијанските медиуми дојдоа до пораките и јавноста дозна дека жената со која Икарди ја изневерил сопругата е аргентинската актерка Марија Еухенија Суарес. Таа наводно му праќала пораки да се сретнат на место каде нема да ги препознаат.
Кога Ванда го соочила со вистината, Икарди наводно го негирал допишувањето со 29-годишната актерка, но потоа признал дека тоа било само флерт и оттогаш не се виделе.