Која е стратегијата на Путин против влијанието на САД?

Рускиот претседател Владимир Путин вчера ја потпиша новата стратегија за национална безбедност на неговата земја за да се заштити од влијанието на САД и другите западни земји.

„’Вестернизацијата’ на културата ја зголемува опасноста Руската Федерација да го изгуби својот културен суверенитет“, се вели во документот од 44 страници.

Критичарите сметаат дека стратешкиот документ е обид за авторитарен патернализам и чекор подалеку од вредностите на западните демократии.

„Традиционалните духовно-морални и културно-историски вредности на Русија се активно нападнати од Соединетите Американски Држави и нивните сојузници - вклучувајќи ги и транснационалните корпорации и странските непрофитни организации“, велат авторите на стратешкиот документ.

Како прво, написот ја усвојува тезата, којашто Путин исто така постојано ја поставуваше, дека моделот на либерална демократија е во криза.

„Личните слободи се апсолутни, попустливоста, неморалот и себичноста активно се промовираат; се практикува култ на насилство, консумерство и задоволство; употребата на дроги е легализирана и се формира општество кое го негира природниот животен циклус“, се вели во документот.

Според документот, западниот притисок врз Русија расте - а со тоа и опасноста од раскол во општеството.

Потоа се вели дека Западот се обидува да ги искористи социјалните и економските проблеми во Русија за да го дестабилизира општеството и да го радикализира протестот.

Покрај тоа, беа критикувани и санкциите воведени од САД и Европската Унија против Русија.

Покрај тоа, воените тензии растат, се вели во документот, пред сѐ поради инвазијата на НАТО на руските граници. Земјата затоа сака повеќе да се сврти кон Кина и Индија.

Последната стратегија за национална безбедност на Русија беше објавена на 31 декември 2015 година.

реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Read more

Свет

Падот на моќниот и вечен Шојгу

Read more

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Read more

ЕУ ги заострува правилата за мигрантите

Read more

Франција: Напаѓачи убија двајца полицајци и побегнаа со затвореник

Read more
 

Вести

Волстрит расте, но инфлацијата не стивнува

Читај повеќе

Падот на моќниот и вечен Шојгу

Читај повеќе

Променливо облачно и врнежливо време со ретки грмежи

Читај повеќе

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Читај повеќе

ЕУ ги заострува правилата за мигрантите

Читај повеќе

Франција: Напаѓачи убија двајца полицајци и побегнаа со затвореник

Читај повеќе

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина

Читај повеќе

МВР со детали за двојното убиство во Стајковци

Читај повеќе

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Читај повеќе