Колкави се шансите да преживеете корона ако сте вакцинирани и ако не сте?

Пандемијата на коронавирусот трае подолго од година и половина, а веќе некое време експертите ширум светот даваат се од себе за им објаснат на луѓето зошто и колку е важна вакцинацијата против ковид.

И покрај тоа, и понатаму има луѓе кои не веруваат во ефикасноста на вакцината од различни причини, а Американката Хилари Дабс одлучи со статистички податоци да им се обрати на оние кои одбиваат да се вакцинираат.

„Уморна сум од аргументот дека 99% од луѓето кои се заразиле со корона се уште се живи, без разлика на тоа дали се вакцинирани или не. Да, може да се заразите иако сте вакцинирани, а знаете колкави се шансите тоа да се случи? Јас знам. Не сум медицински експерт, но добра сум со бројки“, вели таа во видеото.

„Во САД има 330 милиони луѓе, а ние имаме 41 милион заразени. Тоа ви дава шанса од еден спрема 8 да се заразите. Од 42 милион заразени, имавме само 670.000 смртни случаи. Тоа значи дека еден од 61 човек во САД починал. Еден од 61 човек во САД кој се заразил, починал“, истакнува таа.

Потоа наведува дека во САД се вакцинирани 173 милиони луѓе.

„Знаете ли колку од тие вакцинирани луѓе се заразиле до 30 август? Бројката е 12.908. Тоа ви дава шанса еден спрема 13.402 да се заразите ако сте вакцинирани. Еден спрема 13.402, а од друга страна е еден спрема осум“, додава таа.

Наведува и дека во САД починале 2.473 луѓе вакцинирани против ковид.

„Од нив, 480 починале од причина неповрзана со ковид“, вели Хилари, пресметувајќи дека шансите се еден спрема 86.500 некој целосно вакциниран во САД да почине од вирусот.

„Значи, вие невакцинираните, имате само еден спрема осум шанса да заболите од корона, еден спрема 61 ризик да умрете од ковид, додека оние целосно вакцинираните имаат шанса еден спрема 13.402 да се заразат и еден спрема 86.500 да починат од  ковид“, заклучува да во видеото, луто порачувајќи дека мора да спречиме децата да останат без родители.

„Одете да се вакцинирате“, вели таа на крајот од видеото.

@hill_deeee Reply to @adam_stevens_artist ♬ original sound - Hillary
Тагови
реклама

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Живот

Зошто се менува бојата на очите на бебињата и кога се случува тоа?

Read more

Доматите имаат еден многу опасен несакан ефект: Некои луѓе не треба да ги јадат

Read more

15 особини кои ги имаат најретките и најпосебнитe луѓе

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more
 

Магазин

Зошто се менува бојата на очите на бебињата и кога се случува тоа?

Читај повеќе

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Читај повеќе

5 работи кои се забранети после 5 попладне ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Доматите имаат еден многу опасен несакан ефект: Некои луѓе не треба да ги јадат

Читај повеќе

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Читај повеќе

15 особини кои ги имаат најретките и најпосебнитe луѓе

Читај повеќе

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Читај повеќе

Како да испечете вкусен и крцкав леб во тенџере?

Читај повеќе

Дали градината треба да се полева наутро или навечер?

Читај повеќе