Често го слушаме тврдењето дека мажите постојано мислат на секс. Поточно, популарен мит вели дека мажите помислуваат на секс на секои седум секунди. Која е вистината?

Државниот универзитет во Охајо спроведе студија за тоа колку студентите мислат на секс, храна и спиење. Откриено е дека мажите помислуваат на секс во просек 19 пати, додека жените го прават тоа во просек 10 пати.
Значи, резултатите од истражувањето сугерираат дека мажите помислуваат на секс речиси двојно повеќе од жените. Сепак, истражувачите изјавија дека всушност нема значајна врска помеѓу полот и размислувањата за интимните односи.
Мажите почесто помислуваат на секс, но и за храна и спиење почесто од жените. Во 2019 година, компаниите OnePoll и Pure Romance спроведоа истражување за тоа колку сексуално активните Американци се подготвени да зборуваат за интимните врски.
Резултатите покажаа дека 65 проценти од нив се чувствуваат удобно да ги споделат овие информации со другите, а од нив, 29 проценти од луѓето рекле дека им е „многу удобно“ да разговараат за тоа.
Секако, повеќето од нив зборуваат за секс со партнерот/партнерката (61 отсто), потоа со најдобриот другар/најдобрата другарка (60 отсто), пријателите (40 отсто), колегите на работа (28 отсто) и цимерите (26 отсто).