Колку долго сте заштитени од повторно заразување со коронавирусот?

Најновите информации велат дека личноста која била заразена со коронавирусот ќе биде заштитена најмалку три месеци откако ќе закрепне од COVID-19, пишува Huffington Post.

Можно е истата личност во тој период повторно да биде позитивна на коронавирус, но голема е можноста да не биде заразна за другите.

Луѓето кои повторно во три месеци ќе бидат позитивни на коронавирус не мора да одат во карантин или да се тестираат, доколку не развијат симптоми. Во случај да дојде до тоа и се појават, може да бидат тестирани ако не постои друга причина за нивните симптоми.

Тоа не значи дека луѓето кои прележале COVID-19 се имуни од болеста три месеци ниту дека тоа влијае на нивните антитела.

Најновите податоци сугерираат дека тестирање по иницијалната инфекција не е потребно доколку таа личност не покажува симптоми и ако тие не можат да се поврзат со некоја друга болест.

Сè уште малку се знае за антителата на коронавирус и повторното заразување. Со оглед на тоа дека вирусот и понатаму е релативно нов, експертите не можат со сигурност да кажат колку долго може да се очекува некој да биде имун на вирусот, откако ќе закрепне од него.

Претходните истражувања укажуваа дека имунитетот би траел три месеци. Студија од Кина објавена во јуни покажа дека значителен број пациенти кои боледуваат од COVID-19 покажуваат пад на имунитетот во период од околу два до три месеци по заразата. Но, оваа студија содржи случаи само на асимптоматски пациенти и не е обемна.

Експертите веруваат дека со текот на времето најверојатно антителата ќе опаѓаат, но ќе остане одредено ниво на заштита благодарение на Б и Т-клетките, задолжени за активирање на имунолошки одговор.

„Кога телото ќе создаде имунолошки одговор на вирусот, Т-клетките се сеќаваат како да реагираат во случај на повторна можна зараза и со тоа телото добива сигнал и знае како да се носи со тоа“, вели Кристин Бисдара, докторка по интерна медицина од болница во Њујорк.

Експертите исто така забележале дека оние кои се потврдени случаи на повторно заразување всушност не биле закрепнати од првата инфекција.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Здравје

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Read more

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Read more

Храна што треба да ја одбегнувате по 40-тата година

Read more
 

Магазин

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како зелениот чај може да помогне во губењето тежина?

Читај повеќе

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Читај повеќе

Оваа сабота во „Јавна соба“: базар на втора рака облека, накит, книги и детски играчки

Читај повеќе