Колку е опасен делта сојот за бремените жени?

Делта варијантата на коронавирусот SARS-CoV-2 е доминантна во светот, а здравствените експерти во некои земји предупредуваат на влијанието на овој сој врз бремените жени.

Неколку од најдобрите англиски здравствени експерти издадоа заедничка изјава во која ги повикуваат бремените жени да се вакцинираат против коронавирусот.

Тие посочија на нови податоци што покажуваат дека 98 проценти од бремените жени примени во болница со COVID-19 во земјата од мај наваму, не биле вакцинирани.

Светската здравствена организација (СЗО), исто така, порано рече дека заразените бремени жени се соочуваат со зголемен ризик да развијат тешка форма на COVID-19 во споредба со жените на слична возраст кои не се бремени.

Една загриженост е дека ризикот може да биде уште поголем кај делта сојот, за кој се покажа дека е позаразен и може да предизвика посериозна форма на болеста во споредба со претходните варијанти на вирусот.

Дали делта сојот е поопасен за бремените жени?

Делта сојот е повеќе заразен и може да предизвика потешка форма на болеста COVD-19 кај сите, вклучително и бремените жени.

Последните податоци собрани од страна на Обединетото Кралство за систем за надзор (UKOSS) покажаа дека се зголемува бројот на бремени жени со COVID-19 на кои им е потребна хоспитализација поради делта сојот во Обединетото Кралство, пренесува CNN.

„Во споредба со првобитниот сој на вирусот, новата варијанта предизвика потешко заболување кај бремените жени“, изјави Ендрју Шенан, професор по гинекологија и акушерство на Кралскиот колеџ во Лондон, за британскиот научен медиумски центар.

„Тоа значеше потреба за примена на механички вентилатори, интензивна нега и појава на пневмонија, за која имаше поголема веројатност да се појави во повеќе од 50 проценти од случаите“, додаде професорот.

Податоците собрани од UKOSS покажуваат дека околу 33 проценти од жените во болницата со COVID-19 имале потреба од механички вентилатор, а на 15 проценти им била потребна интензивна нега.

Кои се ризиците за бебињата?

Претходните студии покажаа дека инфекцијата го зголемува ризикот од негативни последици и за мајката и за бебето. Овие ризици вклучуваат прееклампсија, инфекции, прием во болничка единица за интензивна нега, па дури и смрт.

Според априлската студија објавена во JAMA Pediatrics, која испитувала над 2.000 бремени жени во 43 медицински установи во 18 земји, бебињата родени од мајки заразени со коронавирус имале малку поголем ризик предвремено да се родат и да имаат ниска родилна тежина.

Новите податоци собрани од UKOSS покажаа дека една од пет жени примени во болница со тешки симптоми на COVID-19 се породиле предвреме, а веројатноста за раѓање со царски рез се удвоила. Едно од пет бебиња родени од мајки со симптоми на коронавирус, исто така, беа примени на одделенија за интензивна нега.

Дали е вакцината безбедна за бремени жени?

Да. Студиите и податоците покажаа дека нема посебна загриженост за безбедноста на бремените жени или нивните бебиња при примање на вакцината против COVID-19.

„Стотици илјади бремени жени ширум светот се вакцинирани, безбедно и ефикасно се заштитуваат на овој начин од ковид и драматично го намалуваат ризикот од сериозни болести кај нивното бебе“, рече Гил Волтон, извршен директор на Кралскиот колеџ за акушерки во Велика Британија.

Американските центри за контрола и превенција на болести (CDC), Заедничкиот комитет за вакцинација и имунизација во Обединетото кралство и австралиската техничка советодавна група за имунизација советуваат бремените жени да се вакцинираат против COVID-19.

СЗО вели дека бремените жени треба да ја примат вакцината во ситуации кога придобивките од вакцинацијата ги надминуваат потенцијалните ризици - на пример, ако живеат во области со голем број заразени лица.

Може ли жените кои дојат да се вакцинираат?

СЗО препорачува жените кои дојат да се вакцинираат и жените да не престанат да дојат поради вакцинацијата, бидејќи најверојатно нема да претставуваат ризик за бебето.

реклама

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Read more

Здравје

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Read more

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Read more

Храна што треба да ја одбегнувате по 40-тата година

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе