Колку е штетно туширањето по јадење?

Вечера, туширање па одење в кревет изгледа како идеална ноќна рутина, но можеби не е најдобро за вашиот дигестивен систем.

Туширањето со топла вода после оброк може да доведе до проблеми како што се грчеви или варење. Зошто? Сето тоа е поврзано со температурата на водата и како таа влијае на протокот на крв во вашето тело.

„Кога јадете, температурата на вашето тело малку се зголемува додека крвта се движи кон органите за варење. Ова му помага на вашето тело правилно да ја вари храната, давајќи ви удобност и леснотија“, вели гастроентерологот Пејтон Беруким.

Меѓутоа, ако веднаш по оброкот се бањате или се истуширате со топла вода, топлата вода дополнително ќе ја зголеми температурата на вашето тело и ќе ја одвлекува крвта подалеку од органите за варење. Наместо тоа, крвта ќе оди кон вашата кожа.

Гастроентерологот Елена Ивањина додава дека туширањето со топол туш по јадење теоретски би ја оддалечило крвта од желудникот, што би го загрозило дигестивниот процес и веројатно ќе предизвика симптоми како што се грчеви кога желудникот не го добива протокот на крв што му е потребен.

Исто така, ако штотуку сте завршиле тежок оброк, тоа може да доведе до проблеми со варењето. Затоа, лекарите препорачуваат да избегнувате туширање со топла вода, но не треба да користите ниту ладна вода, иако таа има некои позитивни ефекти врз вашето тело.

„Ладниот туш, од друга страна, би ја намалил температурата на вашето тело и нема да ја оддалечи крвта од органите за варење. Всушност може да го забрза вашиот метаболизам, па дури и да ви помогне да согорите повеќе маснотии од оброкот кој штотуку сте го изеле“, објаснува Беруким.

Меѓутоа, доколку морате да се избањате после јадење, гастроентерологот Ивањина советува да се туширате на собна температура.

„Ладниот туш го шокира телото и ги стеснува вените кои водат до кожата, додека топлиот туш ги отвора вените кои водат кон кожата. Неутралната температура би имала помал ефект врз пренасочувањето на протокот на крв“, објасни таа.

Затоа, идеално е да му дозволите на вашето тело да ги помине почетните чекори на варење пред туширање, без разлика на температурата, па затоа се препорачува да почекате најмалку 30 минути до еден час пред да застанете под туш.

Тагови
реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Read more

Здравје

Дали знаете што е витамин N? Многу е веројатно дека сте во дефицит, како и повеќето луѓе

Read more

Витаминска бомба против пролетен умор

Read more

Кардиолози откриваат како да го пресметаме ризикот од срцеви заболувања

Read more

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Read more
 

Магазин

Дали знаете што е витамин N? Многу е веројатно дека сте во дефицит, како и повеќето луѓе

Читај повеќе
  • play_arrow

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Читај повеќе

Како да се ослободите од непријатните мириси во фрижидерот?

Читај повеќе

Витаминска бомба против пролетен умор

Читај повеќе

Кардиолози откриваат како да го пресметаме ризикот од срцеви заболувања

Читај повеќе

На која возраст луѓето најчесто изневеруваат во љубовните врски?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Читај повеќе
  • play_arrow

Бургер на едноставен начин

Читај повеќе

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Читај повеќе