Колку се продава просечната Dacia во Европа?

Пазарниот удел на брендот сега изнесува одлични 4,5 проценти, а Sandero моментално е вториот најпродаван автомобил во Европа.

Dacia е практично единствениот европски бренд кој се обидува да продава автомобили по пристапна цена и сепак успева во тоа. Продажбата во Европа силно расте, особено по обновувањето на дистрибуцијата на чипови.

Во Европа, во првите шест месеци од оваа година, продажбата е зголемена за 30 отсто во однос на претходната година, на пазар кој генерално пораснал за 18 отсто, соопштија од Dacia.

Пазарниот удел на брендот сега изнесува одлични 4,5 проценти, а Sandero е вториот најпродаван автомобил во Европа (почетната цена е 14.000 евра).

Сега доаѓа одговорот на прашањето колку чини просечно продадената Dacia. Просекот е околу 17.500 евра, а 70 отсто од европските купувачи се одлучиле за највисоките нивоа на опрема што се нудат во моделите.

Тоа е екстремно пристојна цена, ако земете во предвид дека, на пример, Dacia Sandero Stepway со 90 КС во средно ниво на Expression, чини токму толку.

Од друга страна, најскапиот Duster во Европа чини 25.900 евра, а најевтиниот 18.200 евра.

Интересно е и тоа што расте продажбата на електричниот модел Spring, а основната верзија сега чини 24.700 евра.

Тагови
реклама

Авто новости

Volkswagen претстави популарно и подобрено решение за модерните номади

Read more

Аларм во автомобилот што не треба да се игнорира

Read more

Bentley го претстави Batur Convertible, придвижуван од 6-литарски W12 мотор

Read more

Франција сака четирикратно да ја зголеми продажбата на електрични автомобили

Read more
 

Автомобили

  • filter

Volkswagen претстави популарно и подобрено решение за модерните номади

Читај повеќе

Аларм во автомобилот што не треба да се игнорира

Читај повеќе

Bentley го претстави Batur Convertible, придвижуван од 6-литарски W12 мотор

Читај повеќе

Франција сака четирикратно да ја зголеми продажбата на електрични автомобили

Читај повеќе

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Читај повеќе

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Читај повеќе
  • filter

Италијанците го претставија концептот Quintessenza: GT што се претвора во пикап

Читај повеќе
  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе