Колку секс е премногу секс?

Според студија од 2017 година, просечно човек има секс 54 пати годишно, односно еднаш неделно. Ако вашиот личен просек е многу повисок, тогаш можеби се прашувате колку секс е премногу секс.

За ова има објаснување д-р Ребека Брајтман која има специјализирано гинекологија и репродуктивна медицина.

„Дефиницијата за чест секс варира и ако добро се чувствувате и немате болки, која било количина секс е добра“, вели таа. Со други зборови кажано, може да имате секс колку што сакате сè додека не ги почувствувате негативните ефекти.

Кои знаци говорат дека треба да си дадете малку одмор бидејќи премногу често имате секс?

Главниот физички ризик од премногу секс е прекумерното отекување на вагината и срамните усни, вели гинекологот Шери Рос.

„Во текот на сексуална стимулација овие органи отекуваат бидејќи се полнат со крв, а тоа може да доведе и до претерано отекување и болка“, додава таа.

Исто така, сексот што трае долго може да доведе до сушење на природната лубрикација, а тоа може да предизвика непотребно триење и болка.

„Ако немате доволно предигра нема да има ни доволно лубрикација и сексот ќе биде болен“, објаснува д-р Рос.

Додава дека до вагинална сувост може да дојде кај жените во менопауза што предизвикува печење и болка во текот на пенетрација. Ако вагината по секс ви е болна и отечена, одморете малку и апстинирајте. Не е лошо да почнете да користите лубрикант во следната прилика.

Дали мажите можат да претераат со сексот?

„Мажите можат да доживеат слични тегоби кога ќе претераат. Можат да почувствуваат болка, печење и отекување, а некои можат да имаат проблеми со мокрењето“, вели д-р Рос.

Но, ако немате никакви проблеми, нема ни причини зошто да имате помалку секс, пишува Health.

Тагови
реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Љубов и секс

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Read more
 

Магазин

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како зелениот чај може да помогне во губењето тежина?

Читај повеќе

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Читај повеќе

Оваа сабота во „Јавна соба“: базар на втора рака облека, накит, книги и детски играчки

Читај повеќе

Храна што треба да ја одбегнувате по 40-тата година

Читај повеќе
  • filter

Мет Гала 2024: Кој ја погоди, а кој ја промаши темата?

Читај повеќе

Шпанците се најдолговечна нација во ЕУ

Читај повеќе