Колку време треба да се вежба за тоа да стане навика?

Ф.З.
/ 20.06.2023 / 19:59

Според податоците добиени од ново истражување, потребно е време за да се развие конзистентна рутина за вежбање.

Една неодамнешна студија објавена во списанието Proceedings of the National Academy of Sciences покажа дека времето потребно за воспоставување навика во теретана е веројатно подолго отколку што би сакале, околу шест месеци, според истражувањето.

Студијата, предводена од истражувачи од Калтек, Универзитетот во Чикаго и Универзитетот во Пенсилванија, го истражувала формирањето навики користејќи алатки за машинско учење што го следеле однесувањето на илјадници луѓе. Студијата мери и колку време е потребно на здравствените работници да развијат практики за миење раце.

„Мислам дека има некои навики што се поавтоматски, а некои за кои е потребен повеќе напор. И мислам дека вежбањето е една од оние кои бараат повеќе труд“, рече Џејми Шапиро, професор по спорт и психологија на перформанси на Универзитетот во Денвер, кој не е поврзан со студијата.

За фитнес делот од студијата, истражувачите ги следеле шемите на записите од одење во теретана на 30.000 луѓе кои оделе во синџирот за фитнес, 24 Hour Fitness, во текот на 4 години. Резултатите покажале дека на луѓето им треба околу половина година за да воспостават постојана навика за вежбање.

Според Колин Ф. Камерер, директор на T&C Chen центарот за социјална невронаука и одлучувачка невронаука во Калтек, и автор на студијата, истражувачите измериле колку добро може да се предвидат посетите на една личност во теретана врз основа на долгата листа на променливи, вклучувајќи ги и временски интервал помеѓу посетите, нивната историја во теретана, колку месеци по ред оделе и многу повеќе.

Авторите сметале дека одењето во теретана е воспоставена навика доколку би можеле да предвидат кои денови од неделата испитаниците ќе одат во теретана врз основа на податоците што ги собрале од сите променливи што ги измериле.

„Според нашите податоци, колку често луѓето одат и дали одат предвидливо, варира. Во просек, тие поминуваат 22% од деновите - околу еден до два дена во неделата. Ако имаме навика значи дека можеме да предвидиме што ќе биде тие еден или два дена. Ако не можеме да предвидиме кои денови ќе одите, тогаш тоа го дефинираме како немање навика“, додава тој.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фит

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Кога треба да пешачите за да слабеете?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Read more
 

Магазин

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе