Во овој период од годината тешко дека ќе мине ден без да ја слушнеме песната „All I Want For Christmas Is You“, која во 1994 година ја отпеа познатата пејачка Мараја Кери.
Подеднакво омразен и омилен празничен поп хит, најпопуларната божиќна песна на сите времиња, во последните 25 години ѝ донесе заработка од над 60 милиони долари во хонорари на Кери.
Американската пејачка секоја година заработува многу пари од песната, додека само годинава заработи над 7 милиони евра, пренесе Mirror.
Песната е толку популарна што Amazon сними документарец кој истражува како таа песна стана таков глобален хит.