Концерт на свеќи прв пат во Македонија: Виртуозот на виолина Марио Хосен и Профундис ни ја носат Candlelight-магијата

Илјадници свеќи ќе ја осветлат сцената на Македонската филхармонија на премиерното издание на првиот Candlelight – концерт на свеќи на камерниот оркестар „Профундис“, кој ќе се одржи на 12 април со почеток во 20 часот.

На концертот како солист ќе настапи светски познатиот виолинист Марио Хосен, чија виртуозност и волшебно сценско присуство му носат признание на престижните сцени ширум светот. Хосен и „Профундис“, под диригентската палка на маестро Ѓурѓица Дашиќ, ќе ѝ претстават на публиката музичко патување преку делата на реномираните композитори, како Вивалди, Паганини, Холст и Глас.

„Продолжуваме со идејата дека камерниот оркестар ‘Профундис’ ќе биде иновативен, креативен и модерен. Овој пат со концерт на свеќи кој во моментот е вистинска атракција во 173 града во светот, а премиерно со овој концерт списокот се проширува и со Скопје. На наше големо задоволство како солист ќе настапи светски познатиот виолинист Марио Хосен, кој ќе ги изведе 'Четирите годишни времиња' од Антонио Вивалди, како и виртуозното дело од Никола Паганини – 'I Palpiti', кое многу ретко се изведува поради специфичната техничка виртуозност и спаѓа во топ 10 најтешки дела за изведба на виолина. Дополнително, на концертот ќе има и праизведба на дело од Филип Глас. Овој концерт е повеќе од обична изведба – тоа е извонредно искуство на уникатноста на нашите сетила и универзалниот јазик на музиката“, изјави маестро Дашиќ.

Марио Хосен, познат по својата неспоредлива виртуозност и волшебно сценско присуство, ги краси престижните сцени во светот заедно со врвните оркестри вклучувајќи ги Лондонската филхармонија, Виенскиот симфониски оркестар и многу други. Со голема страст за светското музичко наследство, стручноста на Марио се фокусира на Николò Паганини, правејќи го еден од најистакнатите толкувачи и авторитети за изведување на музиката на Паганини.

Инаку, концептот на Candlelight – концерт на свеќи, е светски познат тренд кој прв пат ќе биде поставен на сцена пред македонската публика. Музичките критичари го опишуваат како уникатно искуство, каде што традиционалниот концертен амбиент се трансформира во хипнотизирачка музичка симбиоза облеана во топлиот сјај на свеќите. Интимниот амбиент овозможува подлабока врска помеѓу публиката и изведувачите создавајќи извонредно концертно искуство.

Билетите по цена од 1.000 денари се веќе во продажба, а може да се купат преку продажната мрежа на MKTickets, како и онлајн.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Култура

Прогласен лауреатот на наградата Антево слово 2024 година

Read more

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Read more

Oтворен конкурсот за ЕУ наградите за истражувачко новинарство

Read more

Заспаната убавица од Чајковски на 15 мај на Мајските оперски вечери

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе