УЕФА ЛИГА ЕВРОПА 2021/22

Конечно откриено како 30.000 навивачи на Ајнтрахт влегоа на Камп Ноу

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, на прес-конференција го откри начинот на кој 30.000 навивачи на Ајнтрахт од Франкфурт дојдоа на стадионот „Камп Ноу“ и им дадоа поддршка на своите играчи во реваншот од четвртфиналето на Лига Европа.

Заедно со Лапорта на прес-конференцијата имаше и вработен во клупскиот маркетинг кој објасни дека од 79.468 навивачи, 37.746 имале сезонски билети, додека биле продадени 34.435 карти. Според правилата, 5 илјади билети биле наменети за гостинските навивачи.

Понатаму истакна дека на билетарницата биле продадени 1.500 билети, а онлајн 23.427 билети. Откри и дека билети имале и посредниците и дека еден од нив згрешил и дека веднаш му бил раскинат договорот.

Лапорта нагласи дека контролните механизми функционирале многу добро и дека системот одбил повеќе од 27.000 барања за купување билети од Германија, но дека гостинските навивачи до билетите дошле преку групите за попуст на билети и претплати.

На тој начин, според шпанските медиуми, биле продадени повеќе од 7.000 билети.

„Клубот не е виновен за тоа што се случи на натпреварот против Ајнтрахт, но секако е одговорен. Ова не смее да се повтори. Клубот не им продаде билети на Германците, а ние ќе преземеме некои правни чекори. Важно е да се знае кој влегува на стадион и тоа не е спорно, влезницата може да се префрли, но важно е да се знае кој“, рече Лапорта и додаде:

„Не е забрането да се продава билет, не можеме да ставиме некој што продава во затвор, но можеме да го информираме“.

Потсетуваме, Ајнтрахт победи против Барселона со 3:2 и со тоа се пласираше во полуфиналето на Лига Европа.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе