Конечно: Пристигна Counter-Strike 2, реакциите измешани

Counter-Strike 2 го замени претходното продолжение Counter-Strike: Global Offensive на Steam, со поостри текстури, поубедливо осветлување и подобра геометрија на предметите.

По многу шпекулации и неколку најави, Valve конечно ја лансираше Counter-Strike 2. Играта, објавена како бесплатна надградба на Counter-Strike: Global Offensive, користи engine на Source 2 на Valve кој носи поостри текстури, поверодостојно осветлување и нова геометрија на предметите.

Мапите се поделени во три категории. Во првата има мапи Touchstone - класични, главно недопрени во однос на претходната игра, но со подобрена игра.

Следно, мапите Upgrade, фокусирани на Sorce 2 осветлувањето, носат многу пореално прикажување на рефлексиите и материјалите. Конечно, тука се и мапите Overhaul, целосно преработени „од почеток до крај“, за на најдобар начин да ги покажат сите можности на Source 2.

Димните бомби сега изгледаат многу пореално и подинамично, а од Valve велат дека целосно ја преработиле својата функција.

„Играчите сега можат да гледаат чад независно од нивната позиција. Чадот сега ќе комуницира со околината на многу интересен начин. Тој исто така реагира со светлина и природно го исполнува просторот. Облакот чад сега може да ја промени формата во однос на местото каде што летаат куршуми и гранати експлодираат “, објаснува Valve.

Remote video URL

Серверите сега побрзо ќе ги обработуваат дејствата на играчите (sub-tick updates), што значи дека тие ќе се ажурираат помеѓу главните ажурирања (64Hz). Ова, барем во теорија, треба да ја направи играта многу пореспонзивна.

И додека многу фанови на култната игра се задоволни од промените што ги донесе CS2, некои на Reddit изразија незадоволство од елементите што недостасуваат во играта (Train и Cache мапи, War Games и Arms Race режими, можност за носење оружје со левата страна рака, итн.).

Valve најави дека некои од споменатите багови наскоро ќе бидат поправени.

Remote video URL
Тагови
реклама

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Гејминг

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Read more

Игрицата EA FC ја губи лиценцата за Интер во следното издание

Read more

Нов гејмерски рекорд: Продадени 12 милиони игри за 12 недели

Read more

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Read more
 

Гик

Сондата Juno сними фасцинантни фотографии од Европа, месечината на Јупитер

Читај повеќе

Winamp се враќа во полн сјај

Читај повеќе
  • filter

Зошто пчелите произведуваат мед? 7 тајни од светот на пчелите

Читај повеќе

Дали Facebook може да ве извести кога некој ќе направи скриншот од ваша содржина?

Читај повеќе

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Читај повеќе

Интервју со Иван Брзовски: Magenta TV – редефинирање на телевизијата во дигиталната ера

Читај повеќе

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе