Конгресот ги отфрли приговорите за победата на Бајден

Конгресот на САД, каде вчера беше прекинато пребројувањето на гласовите од Изборниот колеџ на неколку часа поради упад на приврзаниците на претседателот Доналд Трамп, денеска ги отфрли приговорите за победата на Џо Бајден на претседателските избори во Пенсилванија.

На седницата на Конгресот треба да се пребројат гласовите на Изборниот колеџ од други 12 држави, а потоа ќе биде потврдена победата на Бајден на претседателските избори во САД, одржани на 3 ноември минатата година.

Конгресната седница за броење на гласовите на Изборниот колеџ што го прогласи поранешниот потпретседател на САД Џо Бајден за победник на претседателските избори во САД, продолжи откако силите за спроведување на законот ги отстранија демонстрантите од зградата, околу 17:30 часот по локално време.

Американските медиуми јавија дека вработените во Конгресот, во метежот предизвикан од упадот на демонстрантите, ги земаа кутиите со гласовите на Изборниот колеџ и ги однесоа на безбедно, што овозможи да не се загрози уставно пропишаната постапка за потврдување на резултатите.

Насилството на демонстрантите поколеба дел од републиканските сенатори кои планираа да ги поддржат приговорите на нивните сопартијци од Претставничкиот дом на резултатите од претседателските избори во повеќе држави и со тоа да се иницира постапката на пропишаната двочасовна дебата на одделни седници на двата дома на Конгресот.

Конгресот ги отфрли приговорите за резултатите од изборите во Аризона по двочасовна дебата во двата дома на Конгресот, по што стана очигледно дека републиканците во Претставничкиот дом останаа без поддршка од партиските колеги во Сенатот по што пропаднаа обидите за оспорувње на изборната победа на Бајден во Невада, Мичиген и Џорџија и не се одржаа расправи, а процесот на потврдување на изборните резултати беше забрзан.

– Сѐ што можам да кажам е да не сметаат на мене. Доста е, рече републиканскиот сенатор Линдзи Грем во говорот во Сенатот откако демонстрантите беа отстранети.

Тој наведе дека Џо Бајден и Камала Харис се легално избрани и ќе станат претседател и потпретседателка на САД на 20 јануари.

Во своите говори во Конгресот, сенаторите објаснија дека токму насилството врз демократијата ги поттикнало да се откажат од поддршката за приговор на резултатите од изборите.

реклама

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе