Конте: Добар сум во работата, заслужувам голема плата

Откако деновиве излезе на виделина астрономската плата која Антонио Конте ќе ја зема во Тотенхем, се огласи и самиот тој правдајќи се дека заслужува толку бидејќи одлично си ја врши работата.

Најтиражниот италијански весник, La Gazzetta dello Sport, откри дека Конте во неговиот нов клуб Тотенхем ќе има баснословна плата од 18 милиони евра по сезона, што предизвика лавина реакции во фудбалската јавност.

Конте и претходно во Интер имаше висока плата, што беше една од причините поради кои управата и реши да се откаже од неговите услуги, иако тој на клубот му го донесе првото Скудето после 10 години.

„Дали мојата плата ѝ штети на банката? Мислам дека голем удар прави кој и да ме земе. Работи си ја работата и тоа правилно како што треба. Јас тоа го правам со мојата и заслужувам да ме плаќаат толку“, рече Конте објаснувајќи ја астрономската сума во емисијата Le Iene.

Конте на Островот дојде како шампион, но таму го чека далеку од шампионска битка. Клубот од Лондон е во незавидна ситуација и успех сезонава ќе биде доколку успее да се пласира на едно од местата кои водат во Лигата на шампиони.

„Да се врати клубот помеѓу најдобрите четири ќе биде предизвик. Премиер лигата е многу тешка, ќе се обидеме да дадеме сѐ од себе на секој натпревари, а исто и да бидеме добро во Конференциската лига“, додаде италијанскиот стратег.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фудбал

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more
 

Спорт

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе