Копал компири како казна и нашол древно египетско богатство

За казна, студент од Шкотска пред повеќе од седум децении добил задача да копа компири, но таму го чекало изненадување. Наскоро следувале уште неколку, а сите ја делеле истата карактеристика: биле од древниот Египет.

Мелвил Хаус, прекрасна зграда во округот Фајф, Шкотска, служела како база за обука на полските војници кои пристигнале на островот за време на Втората светска војна. Подоцна била претворена во интернат, кој влегол во фокус кога пред 71 година еден од учениците како казна копал компири и открил нешто што не требало да биде таму: древна египетска статуа од црвен песочник стара речиси 4.000 години.

Ова изненадувачко откритие било првото од многуте што следувале. Со секое ново парче што се појавувало, мистеријата за тоа како овие египетски богатства стигнале во Шкотска ги држела локалните куратори на музејот во неизвесност.

„Ова е фасцинантна колекција, најмногу поради мистеријата околу нејзиното потекло и како парчињата дошле во оваа земја“, рече Маргарет Мејтланд, виш кустос во Националниот музеј на Шкотска, каде што повеќето од наоди се чуваат и денес.

Како стигнале до Шкотска?

Вкупно 18 парчиња од староегипетско потекло биле пронајдени во просторот на поранешниот интернат во Мелвил Хаус, вклучувајќи ја и главата на статуата издлабена во црвен песочник, која Мејтланд ја опиша како „ремек-дело на египетската скулптура“, заедно со неколку бронзени статуетки и керамички елементи кои датираат од 1069 до 30 година п.н.е.

Но, како сите овие извонредни објекти стигнале до Британските Острови? Елизабет Горинг, поранешен кустос на Кралскиот музеј на Шкотска во Единбург, вели: „Ископувањето и истражувањето на овие наоди во Мелвил Хаус беше најнеобичниот проект во мојата кариера и среќна сум што можам да ја раскажам целата приказна“.

А приказната е следна. Во 1984 година, група тинејџери од Мелвил Хаус ја посетиле Елизабет Горинг. Со себе донеле египетска бронзена статуетка што еден од нив ја нашол со детектор за метал во училишната територија. Заинтригирана, самата Горинг истражувала и открила дека два други предмети, глава од песочник и бронзена статуетка на бикот Апис, биле претходно лоцирани на имотот, помеѓу 1952 и 1966 година.

Горинг го истражувала местото и открила повеќе парчиња, како што е горната половина на застаклена керамичка фигура на која е прикажана божицата Изида како го дои својот син Хорус и керамичка плоча на која е прикажано Окото на Хорус. Што се однесува до тоа како сите овие предмети пристигнале во Шкотска, сега, по многу истражувања, истражувачите веруваат дека ги донел лордот Александер Лесли-Мелвил, кој отпатувал во Египет во 1856 година и починал многу брзо по враќањето.

Истражувачите веруваат дека е можно господарот да ја набавил колекцијата на неговите патувања, бидејќи во тоа време конзулите и антикварците често продавале древни египетски предмети на странци заинтересирани за нив. По смртта на Лорд Мелвил, неговите роднини веројатно ги преселиле археолошките предмети во некоја помошна зграда на куќата, која подоцна била урната и целосно заборавена.

„Откривањето на древни египетски артефакти кои биле закопани во Шкотска повеќе од 100 години го демонстрира обемот што собирањето антиквитети го достигнало во XIX век и сложената историја зад тоа“, заклучува Маргарет Мејтланд.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе