Во последните 24 часа се направени 885 тестирања, а по добивањето на резултатите од приватна лабораторија, вкупниот број на регистрирани случаи на COVID-19 денеска изнесува 76.
По градови, новите случаи се од: Скопје 52, Куманово 2, Штип 1, Тетово 14, Велес 2, Гостивар 2, Кочани 1, Пробиштип 1 и Кратово 1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 26 оздравени пациенти и тоа во:
- Скопје 12
- Куманово 2
- Тетово 11
- Гостивар 1
Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Струга (56г) примена во болницата на 21 мај како сомнителна на COVID-19, потврдена позитивна по прием во болница.
Досега во земјата се направени вкупно 31.187 тестирања на COVID-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 127 теста се во рамките на скринингот. Тестовите се направени во градинки во Скопје и геронтолошки установи и не се потврдени позитивни случаи на COVID-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.391, бројката на оздравени пациенти е 1.595, на починати е 141, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 655.
Министерството за здравство се извини поради доцнењето на денешната статистика со состојбата со коронавирусот, бидејќи до предмалку се чекале податоците од приватна лабораторија.