Корисниците на iPhone 14 и iPhone 14 Pro веќе се жалаат на батеријата

Некои корисници на паметните телефони на Apple iPhone 14 и iPhone 14 Pro се пожалија на повеќе од очекуваното деградирање на батеријата иако ги користат уредите помалку од една година.

Овие поплаки потсетуваат на старите лоши времиња и на случајот batterygate.

Американскиот јутјубер и креатор на содржини, Сем Кол, објави преку X во јули дека максималниот капацитет на батеријата на неговиот iPhone 14 Pro паднал на 90 отсто, што е многу побрз пад од претходните модели на iPhone што ги поседувал. Многу други корисници на оваа серија потоа се пожалија на истиот проблем.

Сега Кол објави и видео поврзано со овој проблем и рече дека „тешко му е да го препорача смартфонот, особено ако се земе предвид дека чини 999 долари“.

Официјално, Apple вели дека батериите на iPhone треба да задржат до 80 проценти од нивниот оригинален капацитет по 500 целосни циклуси на полнење. Серијата iPhone 15 доаѓа наскоро на пазарот, а последните гласини велат дека батериите ќе бидат за 10 до 18 проценти поголеми од сегашните.

Колумнистката за технологија на Wall Street Journal, Џоана Стерн, исто така тврди дека нејзиниот iPhone 14 Pro покажува 88 отсто капацитет на батеријата. Персоналот на The Verge соопшти дека батериите на моделите на iPhone 14 Pro се со капацитет од 91, 93 и 97 отсто. Во претходните години, повеќето корисници не пријавија сличен пад на капацитетот додека не поминаа најмалку две години од користењето.

Замената на батеријата на iPhone 14 и iPhone 14 Pro по истекот на едногодишната гаранција е поскапа од претходно, бидејќи лани цената е зголемена за 30 долари, од 69 на 99 долари. Денес, сепак, корисниците можат сами да го заменат наместо да бараат помош од Apple Store или услуга од трета страна.

Индикаторот за здравјето на батеријата пристигна со ажурирањето на iOS 11.3, кое исто така им овозможи на корисниците да ја исклучат проблематичната деградација на перформансите што го означи случајот batterygate, кога Apple тврдеше дека тоа е мерка за заштита на iPhone од застарените батерии, што на крајот доведе до судски спогодби.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Мобилни

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Read more

Tи се игра „змија?“

Read more

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Read more

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Read more
 

Гик

  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе
  • play_arrow

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Читај повеќе

Игрицата EA FC ја губи лиценцата за Интер во следното издание

Читај повеќе

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Читај повеќе

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Читај повеќе