Лејди Гага беше sвезда на годинешното, претежно виртуелно доделување на MTV Music Video Awards. Таа освои пет награди, меѓу кои и за песна на годината, уметник на годината и соработка на годината – за песната Rain on Me.
Доделувањето на наградите првично требаше да се одржи во Баркли центарот во Бруклин, една од петте општини во Њујорк, но тоа се промени поради корона-пандемијата. Наместо тоа, се одржа на интернет, проследено со претходно снимени настапи.
Аријана Гранде имаше најмногу номинации (9), а заедно со Лејди Гага настапија под заштитни маски, изведувајќи ја „Rain on Me“. Гага изведе и микс од Enigma, Chromatica II, 911 и Stupid Love.
Гага покажа низа креативни маски на сите нејзини појавувања, покажувајќи уште еднаш дека не е само уникатен и неповторлив уметник, туку и одговорна јавна личност.