„Корона-забави“ во неколку атински населби и покрај карантинот и полицискиот час

Плоштадите и парковите во неколку атински населби синоќа беа полни со друштва млади лица, кои неорганизирано и спонтано се собраа и покрај карантинот, рестрикциите и полицискиот час, а мнозинството беа без маски и не одржуваа дистанца, јави дописничката на МИА од Атина.

Со take away пијалоци од кафулињата уште во попладневните часови, младите излегоа како во центарот на Атина, така и во други населби, а за многумина „корона-забавата“ продолжи и по 21 часот, односно по почетокот на полицискиот час.

Сликата во конкретните населби воопшто не потсетуваше дека земјата е во карантин и наликуваше на онаа пред пандемијата, без да се почитуваат основните мерки, како што се маска и дистанца.

Во поголемиот број од случаите, не станува збор за претходно најавени и организирани забави.

Единствено во населбата Кипсели, на централниот плоштад, во петокот имаше организирана забава со музика и диџеј, а сликата не беше поразлична и вчера.

„Корона-забави“ имаше и изминатите викенди, но се чини дека како што се затоплува времето, така и овие неформални забави на отворено се зголемуваат.

Кафулињата во Грција се затворени веќе пет и пол месеци, а земјата е во карантин од 7 ноември 2020 година со воведен полициски час од 21 часот.

Од почетокот на пандемијата регистрирани се 313.444 случаи на COVID-19, а починаа 9.397 лица.

Само во изминатата седмица, од понеделникот до вчера беа потврдени 18.039 заразени и 512 смртни случаи.

реклама

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Read more

Регион

Нови сведоци во случајот за убиството на Данка Илиќ

Read more

Пет деца во тешка состојба откако мајка им ги избањала со средство за чистење на паразити

Read more

Српската полиција критикувана за случајот Данка: Ова е сериозен скандал

Read more

Радев: Набргу ќе се знае дали ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска ќе работат за европската перспектива на Скопје

Read more
 

Вести

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Читај повеќе

ЕУ ги заострува правилата за мигрантите

Читај повеќе

Франција: Напаѓачи убија двајца полицајци и побегнаа со затвореник

Читај повеќе

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина

Читај повеќе

МВР со детали за двојното убиство во Стајковци

Читај повеќе

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Читај повеќе

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Читај повеќе

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Читај повеќе

Kонтроверзниот закон за странски агенти помина во грузискиот парламент

Читај повеќе