Косово поднесе барање за членство во ЕУ: Не сакаме пократок пат

Косовскиот премиер Албин Курти денеска во Прага поднесе барање за членство на Косово во Европската Унија, со што започнува процес кој може да трае со години, ако не и децении, а зависи од нормализацијата на односите со Србија.

Курти поднесе барање до Чешка, која претседава со ЕУ овој семестар.

„Не сакаме задна врата, пократок пат. Сакаме да ја изградиме ЕУ во нашата земја со нашиот народ“, рече Курти по поднесувањето на барањето до чешкиот министер за европски прашања, Микулас Бек.

 Косово е единствената земја од Западен Балкан која сè уште немаше поднесено барање за членство во ЕУ.

Иако 27-те земји-членки на ЕУ не се склони кон понатамошно проширување на Унијата, поради руската инвазија на Украина, тие одлучија да посветат повеќе енергија на подобрување на односите со шест балкански земји - Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.

„Цврсто веруваме дека европската иднина е единствениот начин за решавање на голем број проблеми во регионот, без разлика дали се економски, социјални или етнички“, рече Бек.

Косово прогласи независност од Србија во 2008 година со поддршка на Западот, по војната 1998-1999 година во која интервенираше НАТО.

Косово не е членка на ОН.

Околу 110 земји ја признаваат независноста на Косово. Не е призната од пет земји-членки на ЕУ - Шпанија, Грција, Романија, Словачка и Кипар. Не го признаваат ниту Србија, Русија и Кина.

Косово мора да ги нормализира односите со Србија пред да може да влезе во ЕУ.

Тагови
реклама

Регион

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Read more

По атентатот на Фицо: Закани до Вучиќ дека тој ќе биде следната мета

Read more

Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите од договорот од Преспа

Read more

Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор од говорницата во собранието

Read more
 

Вести

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе

Запленети 4,8 килограми злато при влез на автобус на ГП Богородица

Читај повеќе

Левица: Изборниот систем сите нè краде, скратени сме за најмалку два мандата

Читај повеќе

Обвинителството анализира докази за Палчо кои не може да бидат споделени со јавноста

Читај повеќе

По атентатот на Фицо: Закани до Вучиќ дека тој ќе биде следната мета

Читај повеќе

Зајкова: Забрзана ЕУ-интеграција е клучот за иднината на Македонија

Читај повеќе

Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите од договорот од Преспа

Читај повеќе

Си го пречека Путин: Претседателе, мој стар пријателе, добредојде

Читај повеќе

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Читај повеќе