Косовските власти го затворија главниот граничен премин „Мердаре“

Косово денес го затвори својот најголем граничен премин, откако патниот правец беше блокиран од демонстранти од српска страна на границата, во знак на поддршка на сонародниците во Косово кои протестираат веќе неколку седмици.

Во моментов отворени за сообраќај се три од шесте премини кон Србија.

Демонстранти од вчера со камиони и трактори го блокираа магистралниот патен правец, недалеку од преминот „Мердаре“ на источната граница на Косово.

Блокадата спречува илјадници Косовари кои работат низ Европа да се вратат дома за празниците.

„Ако веќе сте влегле во Србија, тогаш мора да користите други гранични премини… или да поминете преку Северна Македонија“, објави косовското Министерство за надворешни работи на својата фејсбук-страница, соопштувајќи за затворањето на преминот „Мердаре“.

Затворањето стапи на сила на полноќ, иако веќе и претходно не беше можно да се помине.

Влезната точка „Мердаре“ е најважната точка за патниот товарен сообраќај во Косово. 

реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Регион

Српската полиција критикувана за случајот Данка: Ова е сериозен скандал

Read more

Радев: Набргу ќе се знае дали ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска ќе работат за европската перспектива на Скопје

Read more

ДНК на малата Данка не била пронајдена на автомобилот со кој била удрена

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more
 

Вести

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

Читај повеќе

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Читај повеќе

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Читај повеќе

Битолчанец фатен со стари монети, дел од културно наследство

Читај повеќе

Со четирицикл излетале во провалија на Шар Планина

Читај повеќе

На сила го внеле во возило и му украле накит и 2.500 евра

Читај повеќе

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Читај повеќе

Трамп: Бајден е опколен со фашисти во Овалната соба

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе