„Сините“ вечерва треба да се соочат со Евертон, но им излезе непланиран проблем: на задолжителните тестирања тројца фудбалери излегоа позитивни на COVID-19, па сега стравуваат дека дополнително ќе се појават и нови случаи.
Претходно, Челси го загуби Матео Ковачиќ кој прв излезе позитивен, а денеска англиските медиуми објави за паника на „Стенфорд Бриџ“ откако уште тројца играчи добиле позитивен тест. Имињата на играчите не се обелоденети бидејќи ни самиот клуб нема објавено за новите случаи, но секако ќе се дознае вечер кои ќе недостасуваат. Англиските медиуми јавуваат дека сите тројца веќе се ставени со самоизолација.
Засега нема никакви најави дека одигрувањето на вечерашниот натпревар со Евертон (20:45) е доведено во прашање, а такво нешто најмалку би му одговарало на Челси макар играл и ослабен, со оглед на згуснатиот распоред и немањето простор за вметнување на евентуално одложен натпревар.
Синоќа Томас Тухел потврди дека на располагање за Евертон му се ставени Нголо Канте и Трево Чалоба, кои се опоравија од повредите. Но, двајцата досега имаат одработено само два тренинга и поради тоа ќе бидат на клупата.